Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Лажец; скратено: ПООУ „Крсте Петков Мисирков“) — подрачно основно училиште во селото Лажец, претставува единка на истоименото училиште од селото Бистрица, Општина Битола.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски филолог Крсте Петков Мисирков.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Лажец, во непосредна близина на некогашниот задружен дом.
Градба
Објектот на училиштето е руиниран, при што најголем проблем претставува покривот на градбата. Покрај покривот, училиштето се соочува со проблеми во инвентарот и во внатрешноста на објектот.
Во март 2019 година била извршена замена на печката за дрва, која се користи за загревање на училиштето. Воедно, отпочнале и активности за санација на покривната конструкција.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува на албански и македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Битола Лажец Категорија:Лажец