Свети Димитриј — главна селска црква во битолското село Буково, Македонија.

Црквата претставува парохиско седиште на Буковската парохија.

Местоположба

Црквата е средишниот храм на селото, сместен во непосредна близина на основното училиште.

Историја

Црквата била изградена во 1882 година на местото на руини од стара црква.

Архитектура

Градбата претставува трикорабна базилика, архитектонски тип популарен по 1830-тите години. На источната страна има тристрана апсида, а на запад се издига црковната камбанарија. По должината на јужната фасада има припрата со помошни простории. Внатрешноста на градбата е поделена со два реда од по четири столбови, кои во горниот дел се лачно поврзани. На запад со ниска преграда издвоен е наосот од нартексот. Занимливост за оваа црква е што има катна галерија само над јужниот кораб на црквата, што е реткост.

Икони и иконостас

Во црквата зачувани се украси од постара црква, мала колекција на икони и царски двери од четвртото десетлетие на век. На царските двери има старословенски натпис „Благовѣщенїі Богородице“. Царските двери веројатно се од стар иконостас од соседниот Буковски манастир или некоја постара црква во селото. Меѓу иконите од век има две престолни. На едната, на Свети Меркуриј, има словенски натпис ЗРМД (1635/1636). Другата е на Свети Архангел Михаил која иконографски и стилски е слична со иконата од Слепченскиот манастир, која денес се наоѓа во Музејот на Македонија во Скопје. Иконите од XVII век и царските двери веројатно се дело на мајстори од Линотопската школа.

Фрескоживопис

Ѕидно сликарство постои во полукружните конхи од централната апсида и во жртвеникот. Според стилските одлики ѕидното сликарство соодвествува со еден дел од иконите на иконостасот кои се датирани кон крајот на век. Иконостасот во црквата е конструиран со два реда на икони и според испишаните натписи врз нив, тие се изработени во текот на 1895, 1896 и 1907 година. Од истиот зограф најверојатно се насликани и иконите на амвонот, на еден од северните столбови од наосот.

Галерија

Поврзано Битолско архијерејско намесништво Буковска парохија Буково

Наводи

Надворешни врски

Буково Категорија:Дела на Линотопската школа