Големиот тунел во Истанбул (турски: Büyük İstanbul Tüneli) — патен и железнички подморски тунел во Истанбул, Турција, кој по неговото завршување треба да минува преку теснецот Босфор. Завршувањето на проектот се очекува во 2020 година.

Проект

Проектот официјално го објавил премиерот Ахмет Давутоглу на 27 февруари 2015 година. Тунелот, долг 6,5 километри и пречник од 18,80 метри, ќе се состои од три нивоа, две нивоа за патниот сообраќај и едно ниво за железничкиот. Ќе биде 110 метри под нивото на морето. Сместен помеѓу Гајретепе, Шишли на европска страна и Ќучуксу, Бејкоз на азиската страна, тунелот ќе ги поврзув автопатиштата помеѓу трите аеродроми во градот, Аеродром Истанбул Ататурк, Аеродром Сабиха Ѓокчен, Новиот истанбулски аеродром и деветте железнички линии на Истанбулското метро. Трите мостови над Босфорот (Босфорски Мост, Мост Фатих Султан Мехмет и Мост Јавуз Султан Селим) ќе бидат поврзани преку тунелот. Цената на проектот ќе изнесува 3,5 милијарди американски долари.

Наводи

Категорија:Тунели во Истанбул