Тоде Ѓорески, (, — , ) — македонски писател, новинар и библиофил.
Животопис
Тоде Ѓорески е роден во Горно Српци на 4 август 1924 година. Неговото семејство до 1918 година го носело презимето Иванови, во време на Кралство Југославија се преименувани во Ѓореѓевиќ, а по 1945 година во Ѓорески. Омраам Микаел Аиванов им е близок роднина. Основно образование стекнал во Горно Српци. Учесник е како партизан во Втората светска војна, ранет бил во околината на Винковци, Независна Држава Хрватска. По војната, завршил Учителска школа - Скопје а потоа Филозофски факултет - Скопје, (студиска група - југословенска книжевност и македонски јазик), Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје.
Работа
По завршувањето на Учителската школа во Скопје, извесен период работи како педагошки работник. Подоцна е наименуван за директор на градската библиотека во Битола, денес Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (Битола). Од 1964 година е избран за галавен и одговорен уредник на еден од најстарите весници во СР Македонија - Битолски весник.
Творештво Како долгогодишен главен и одговорен уредник, на еден од најстарите весници во Р Македонија, Битолски Весник, пројавува активна новинарска дејност, реализирајќи бројни осврти, прикази, коментари, критички согледби , оставајќи богат новинарски опус во сите журналистички жанрови, со аналитичен, сериозен и професионален пристап. Еден е од доајените на битолското новинарство.Години Битолски весник, монографија,ISBN 8889- 2111 – 0 -9, COBISS. MK.ИД 17294401</.
Објавувал и новинарски дописи во белградскиот весник „Борба“ и сараевскиот „Ослобоџење“. Сепак, негов главен опус и определба е литературата и книжевното творештво. Бил одличен познавач на светската современа литература. Иако неговиот литературен опус не е обемен, тој создал, специфичен литературен израз во кој инсистирал на синтетичност, лирска, интимна поетика, избегнувајќи ја еднолиниската наративност а потенцирајќи ја психолошката и емотивна, внатрешна стварност. Особено внимание обрнувал на стилистиката, јазичната инвенција, ритамот. Неговите дела содржат екстрат, којшто значи корелација и продолжување на литературниот универзум на Иван Бунин, Исак Бабел и др. Во 1971 година, ја објавил книгата , збирка раскази - „Војна“</Тоде Ѓорески, Војна, раскази. Во 1980 година ја објавил книгата, збирка раскази - „Патеки“</Тоде Ѓорески „Патеки“, збирка раскази. Застапен е во неколку анталогиски избори објавени на македонски и српски јазик.
Библиофилство Забележлива е и неговата работа во популаризацијата, собирањето, одржувањето, формирањето на издавачка продукција и посебноте негување на книжниот фонд во Битола. Како главен и одговорен уредник на Битолски весник ја создава издавчката дејност во самата новинска куќа, при што биле издаени бројни книжевни дела од истакнати домашни и странски автори (една од првите издавачки куќи во внатрешноста на Р Македонија).Во рамките на ова, бил и еден од уредниците и издавачи на списанието за литература и култура „Развиток“. Заедно со неколкумина културни работници, во 1967 година го иницираат создавањето и отворањето на првото триенале на југословенската графика, кое од 1994 година, ќе прерасне во едно од поистакнатите меѓународни гарфички манифестации.Каталог на Првото триенале на современата југословенска графика, Галерија на современата југословенска графика,Битола,1967 година</.
Зачувал и собрал бројни книжевни дела со кои го подигнал книжниот стандард на БитолаАНДОНОВСКА, ПРИВАТНИТЕ БИБЛИОТЕКИ ВО БИТОЛА, ISBN 9989-9702-5-4, Национална установа-Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“2006.-98стр</.
Награди Добитник е на наградата 4. Ноември, на Битола (1971 година - Совет на Општина Битола), од областа на литературното остварување. Добитник е на наградата на Сојузот на здружението на новинари, на СФР Југославија за придонес во ангажирано и актуелно новинарство, Белград - Savez novinara Jugoslavije, 1982 година.Бројни признанија и дипломи од областа на библиотекарството, новинарството, литературата...
Наводи
Надворешни врски најстарата библиотека во земјава Каталог, прво триенале
Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски новинари Категорија:Луѓе од Горно Српци Категорија:Родени во 1924 година