Теила Хакими (на хебрејски: תהילה חכימי, родена на 27 февруари 1982) е израелска поетеса и автор, и е клучен член на движењето Мизрахи Арс поетика.
Животопис Хакими, која има диплома по машинско инженерство, почнала да ја објавува својата поезија во 2013 година во списанијата „Мехав“ и „Маајан“, и во две антологии - збирка песни од Бершеба, а втората антологија Арс поетика, уредена од Ади Кејсар.
Нејзината прва збирка поезија „Утре ќе работиме“ била објавена во 2014 година. Книгата ја доби наградата за книжевност на Бернштајн за 2015 година.
Хакими ја уредила детската книга Попладневни деца во 2015 година од Авихаи Нири, илустрирана од Лирон Коен.
Нејзината втора книга „Во водата“ е графички роман, создаден во соработка со илустраторот Лирон Коен, и била објавена во 2016 година.
Хакими ја доби наградата за нови поети од Министерството за култура во 2015 година.
Книги
2014 - מחר נעבוד, (Утре ќе работиме, Тангиер издаваштво) 2016 - במים, (Во вода) 2018 - חֶבְרָה , (Друштво, Рислинг - Оригинална израелска книжевна серија)
Наводи
Надворешни врски
Блог на Техила Хакими (на хебрејски) Интервју со Техла Хакими , ИВП
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1982 година Категорија:Израелски писатели