Економијата на Грузија — новорастечки слободен пазар. Нејзиниот бруто-домашен производ опаднал по падот на Советскиот Сојуз, но се повратил вонагорна линија во средината на 2000-тите, растејќи со двоцифрени бројки благодарение на економските и демократските реформи што ги донесела мирнородената Револуција на розите. Грузија го продолжила својот економски напредок бидејќи, „се движи од речиси неуспешна држава во 2003 година кон релативно добро функционална пазарна економија во 2014 година“United States Department of State, Georgia: Executive Summary, Retrieved: 5 May 2016. Во 2007 година, Светската банка ја прогласила Грузија за светски економски реформатор број еденWorld Bank, Georgia , Retrieved: 4 May 2016Russia Today, Georgia’s reforms please World Bank, 17 June 2007, и постојано ја рангирал земјата на врвот за водење бизнис.
Економијата на Грузија е поддржана со релативно слободна и транспарентна атмосфера во земјата. Според извештајот на Транспаренси интернешнал во 2015 година, Грузија била најмалку корумпирана нација во регионот на Црното Море, надминувајќи ги сите свои непосредни соседи, како и блиските држави на Европската УнијаTransparency International, Corruption Perceptions Index 2015 , Retrieved: 4 May 2016. Со мешано медиумско опкружување, Грузија е исто така единствената земја во нејзиното непосредно соседство, каде што печатот не се смета за неслободенFreedom House, Freedom of the Press - 2016, Retrieved: 4 May 2016.
Од 2014 година, Грузија е дел од Зоната на слободна трговија на Европската унија, при што ЕУ и понатаму е најголем трговски партнер во земјата, со повеќе од една четвртина од вкупниот трговски промет на ГрузијаEuropean Commission, Georgia, Retrieved: 7 May 2016. Следејќи го трговскиот пакт на ЕУ, 2015 година била обележана со зголемување на билатералната трговија, додека трговијата со Заедницата на независни држави (ЗНД) бил одбележан со падCivil Georgia, Georgia’s 2015 Foreign Trade, 20 January 2016.
Историја
Пред XX век Грузија имала голема аграрна економија.
Современата економија на Грузија традиционално се врти околу туризмот на Црното Море, одгледување на агруми, чај и грозје, рударството кое се состои од вадење манган и бакар и производство на вино, метали, машини, хемикалии и текстил.
Како и многу постсоветски држави, Грузија поминала низ период на голем економски пад во текот на 1990-тите, со висока инфлација и големи буџетски дефицити, поради постојаното затајување на даноците. Во 1996 година, буџетскиот дефицит во Грузија се зголемил на 6,2 %. За време на тој период меѓународните финансиски институции одиграле клучна улога во буџетските пресметки на Грузија. Мултилатералните и билатералните грантови и заеми изнесувале 116,4 милиони лари во 1997 година и 182,8 милиони лари во 1998 година.
Економското закрепнување било попречено од сепаратистичките спорови во Абхазија и Јужна Осетија, отпорот на реформите од страна на некои корумпирани и реакционерни фракции, и Азиската финансиска криза од 1997 година. Под раководство на претседателот Едуард Шеварднадзе, владата ги либерализирала сите цени и најголем дел од трговијата и вовела стабилна национална валута (лари).
Во текот на доцните 1990-ти, повеќе од 10.500 мали претпријатија биле приватизирани, и иако приватизацијата на средните и големите фирми била бавна, повеќе од 1.200 средни и големи компании биле трансформирани како акционерски друштва. Законот и декретот за утврдување на правната основа и процедури за приватизација на државниот имот го намалил бројот на компании контролирани од државата.
САД започнале да и помагаат на Грузија во процесот на реформи веднаш по добивањето независност од Советскиот Сојуз. Постепено, фокусот се префрлил од програми за хуманитарна кон техничка и институционална надградба. Обезбедувањето на правни и технички советници било надополнето со можности за обука за парламентарци, службеници за спроведување на законот и економски советници.
Неодамнешни макроекономски перформанси Во последните неколку години грузиската економија е една од најбрзо растечките од оние од Советскиот Сојуз. Од 2003 година, новата влада на Грузија спровела широки и сеопфатни реформи, кои го допреа секој аспект од животот на земјата. Економските реформи биле насочени кон либерализација на економијата и обезбедување одржлив економски раст, заснован на развојот на приватниот сектор. Воспоставувањето на привлечно деловно опкружување довело до значителен прилив на странски директни инвестиции во земјата, донесувајќи високи стапки на економски раст.
Во 2013 година, Грузија била рангирана во првите десет земји на меѓународно ниво во Индексот на просперитет за раст на енергетската безбедност, кој се појавува во новиот пазар, според еден напис објавен од вестите на CISTRAN Finance. Индексот ги идентификува земјите во развој кои имаат силен потенцијал за раст врз основа на енергетските резерви и БДП.
Врз основа на економските реформи, грузиската економија е разновидна, покажувајќи нагорна тенденција со 10% од годишниот БДП реален раст во 2004-2007 и достигнала највисоко ниво - 12,3% во 2007 година. Во целина, во текот на 2004-2007, економијата на Грузија се зголемила за 35%.
Поради реформите и либерализација на политиката за економијата, Грузија покажува исклучителна отпорност на надворешни шокови, пред сè ова се однесува на војната со Русија во 2008 година и глобалната финансиска криза. И покрај ова, во 2008 година економијата на Грузија пораснла за 2,3%. По мало забавување на економијата во 2009 година (-3,8%) земјата закрепнала наскоро со 6,3% реален раст на БДП во 2010 година. Во 2011 година БДП реалниот раст достигнал 7,0%.
Стапката на невработеност за 2010 година изнесувала 16,3% и била намалена од 16,9% во 2009 година.
Во 2013 година, годишната стапка на инфлација во Грузија изнесувала 2,4%. Таа била значително намалена по онаа од 11,2% во 2010 година. Растот на стапката на инфлација е резултат на зголемувањето на цените на храната во светот, а суштинскиот дел од инфлациските флуктуации влијаело на варијабилноста на цените на храната, бидејќи уделот на храна е релативно висок во потрошувачката кошница на Грузија.
Во 2011 година, проценетиот биланс на тековната сметка на Грузија на ММФ изнесувал -1,489 БН долари. Грузија има умерени дефицити меѓу европските и транскавказските постсоветски земји:
Место Земја Состојба на тековната сметка како процент од БДП (2010)IMF, World Economic Outlook Database, April 2012 Проценки на ММФ од 2011 годинаIMF, World Economic Outlook Database, April 20121 27.662 22.6642 4.807 5.5183 -2.091 -3.8934 -13.873 -11.6975 -15.522 -13.4426 1.835 -1.8607 -8.300 -9.8978 3.565 2.4249 -9.618 -11.70010 -22.938 -8.320 Дефицитите биле неутрализирани од силните приливи на странски капиталIMF, Transcript of a Conference Call on Georgia Request for Standby Arrangement September 15, 2008, овозможувајќи и на грузиската валута да се одржува.
Владата успеала да ја зачува финансиската стабилност благодарение на значителната помош обезбедена од американските и меѓународните институции. Аналитичарите на ЕБОР веруваат дека значителната меѓународна финансиска поддршка и дознаки од работниците што живеат во странство ќе го покриваат дефицитот на среден рокEBRD, Georgia economic overview . ММФ позитивно ја оценила економската политика на владата.
2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014* l 2014* ll БДП по тековни цени, милиони лари 19074.9 17986.0 20743.4 24344.0 26167.3 26847.4 6307.2 7162.8 БДП во постојани цени во 2003 година, милиони лари 12555.3 12085.5 1235.0 13757.2 14637.7 15123.7 3504.1 3919.4 БДП реален раст, проценти 2.6 -3.7 6.2 7.2 6.4 3.3 7.2 5.2 Дефлатор на БДП, процент 9.4 -2.0 8.6 9.5 1.0 -0.7 1.9 4.0 БДП по глава на жител (по тековни цени), милиони лари 4352.9 4101.3 4675.7 5447.1 5818.1 5987.6 1404.6 1595.1 БДП по глава на жител (по тековни цени), американски долари 2921.1 2455.2 2623.0 3230.7 3523.4 3599.6 802.9 905.0 БДП по тековни цени, американски долари 12800.5 10767.1 11636.5 14438.5 15846.8 16139.9 3605.3 4064.1
Странски директни инвестиции
Големите приливи на странски директни инвестиции (СДИ) се водечки фактор зад брзиот економски раст во Грузија од 2003 година
Привлечната и либералната инвестициска клима и еднаков пристап кон локалните и странските инвеститори ја прават земјата привлечно одредиште за СДИ.
Стабилен економски развој, либерална и слободна пазарна економска политика, само 6 даноци и намалени даночни стапки, намален број лиценци и дозволи, драматично поедноставени административни процедури, преференцијални трговски режими со странски земји, поволна географска локација, добро развиена интегрирана и сообраќајна инфраструктура, образована, квалификувана и конкурентна работна сила претставува солидна основа за успешен бизнис во Грузија.
Од 2003 до 2011 година, СДИ во Грузија изнесувал 811,5 милиони долари. Најголем обем на СДИ - 2.015,0 милиони долари бил постигнат во 2007 година, со 69,3% годишен раст. Високата стапка на инвестиции се одржувала до 2008 година. Во 2009 година приливите на СДИ биле окарактеризирани со тренд на намалување. Главните причини за намалување биле надворешните шокови - руско-грузиската војна и влијанијата на глобалната финансиска криза.
Табелата подолу го покажува движењето на СДИ како процент од БДП во избрани земји од поранешниот Советски Сојуз. За статистички цели, СДИ се дефинира како странска компанија која поседува 10% или повеќе од обичните акции на инкорпорирана фирмаInternational Monetary Fund (IMF), 1993. Balance of Payments Manual, fifth edition (Washington, DC). Место Земја СДИ како процент од БДП (2010)1 85,62 67,13 61,14 42,55 28,76 18,57 18,3
Странски директни инвестиции во земјата на Грузија по година.
Година Износ (USD - милиони) 2000 131.2 2001 109.8 2002 167.3 2003 340 2004 499.1 2005 449.7 2006 1100 2007 2010 2008 1500 2009 658.4 2010 814Прямые иностранные инвестиции в Грузию в 2010 году составили 814 млн. долларов 24.08.2011 Грузия-Online 2011 1111Прямые иностранные инвестиции в Грузию в 2011г. выросли на 37% 16.08.2012 // RBC.ru 2012 865Грузинская экономика в 2012-2013 годах: цифры и тенденции // ИА REGNUM 2013 914 http://sputnik-georgia.ru/economy/20140317/216451370.html 2014 1750 2015 1564 http://www.apsny.ge/2016/eco/1471308614.php 2016 1565.9 2017 751 (јануари-јуни)
Трговија
Од 2014 година, Грузија е дел од Длабока и сеопфатна слободна трговска зона, при што ЕУ и понатаму е најголем трговски партнер во земјата, со повеќе од една четвртина од вкупниот трговски промет на Грузија. Следејќи го трговскиот пакт на ЕУ, 2015 година била обележана со натамошно зголемување на билатералната трговија, додека трговијата со Заедница на независни држави (ЗНД), предводена од Русија, се намалила за 22%.
Од 2015 година, по редослед на големината, главниот извоз на Грузија се: бакарни руди и концентрати, феролегури, лешник, лекови, азотни ѓубрива, вино, сурова нафта, минерална вода и алкохол.
Во 2015 година главниот увоз на Грузија, по редослед на големина, се: нафтени производи, возила, јаглеводороди, бакарни руди и концентрати, мобилни телефони и други безжични телефони, пченица, цигари, железни цевки и делови од железни конструкции.
Меѓународни трансфери на пари
Парите пренесени од странство во Грузија во 2011 година достигнале рекордно високо ниво од 1,26 милијарди американски долари, што е за 20,5 отсто повеќе од 2010 година, според бројките објавени од Централната банка на Грузија. Трансферите на пари од Русија, кои веќе подолго време се најголем извор на дознаки за Грузија, изнесувале 655,2 милиони САД долари во 2011 година
Меѓу другите најголеми извори на дознаки за Грузија се: Грција со 144,6 милиони американски долари во 2011 година, по што следуваат Италија - 109,1 милиони долари; САД - 75,5 милиони долари; Украина - 52,4 милиони долари; Шпанија - 30,9 милиони долари; Турција - 27,6 милиони долари; Казахстан - 26,1 милион долари; Велика Британија - 14,6 милиони долари; Израел - 14,3 милиони долари; Индија - 13,2 милиони долари и Германија - 12,9 милиони долари.