Витивјанско Езеро (, Лимни Полифиту) — вештачко езеро на реката Бистрица во Кожанско, Егејска Македонија. Создадено е во 1973 г. со изградбата на истоимената брана и зафаќа површина , од кои 70 отсто отпаѓаат на општините Серфиџе и Велвендо. Езерото е во сопственост на Јавното електростопанско претпријатие (ДЕН), истото е отстапено на користење на мештаните за цели на риболов и екотуризам. Преку него поминуваат два моста — поголемиот Серфички мост () во средишниот дел, и помалиот Рамненски мост () на југозападниот крај. лево|мини|290x290пкс|Карта на Витивјанско Езеро

Природа и активности Во езерските води се забележани 17 видови слатководни риби, од кои покрупните се во делтата на Бистрица. Витивјанското Езеро претставува важно станиште за грабливи птици бидејќи им овозможува храна, гнездилишта и засолништа. На неговите брегови презимуваат и разни преселни птици. Присутни се неколку видови влекачи и 10 видови цицачи.«Περίληψη υγροτόπων, ΔΕΗ»

Водата ја добива од реката Бистрица и неколку поројници, на вкупна сливна површина од . Водостојот се движи во опсег од 15 м, што значи дека е среднопроточно. Брзата обнова на водата го држи езерото прилично чисто и овозможува разни дејности — стопански како рибарството и рибникарството, спортски активности како веслањето, разонода итн. Акумулацијата воедно ги задоволува потребите за наводнување на околното обработливо земјиште.

Во последно време е забележано прекумерно присуство на олово во водата, опишано како „умерено“.Εφημερίδα «Τα Νέα», Οι λίμνες πνίγονται στα τοξικά

Знаменитости На езерскиот брег во селото Хаџиомурлу (Родитис) се наоѓа црквичката „Блажен Варадат“, изграден од грчки дојденци од Мала Азија, кои претходно имале истоимена црква во с. Кувуклија кај Бурса. Има и споменик на настраданите во Грчко-турската војна од 1919 - 1922 г.

Поврзано Шапка Камбуница Восовско Езеро — помало вештачко езеро недалеку од Витивјанското

Наводи

Надворешни врски

Витивјанско Езеро на поштински портал Витивјанско Езеро — Мрежа на езерски градови

Категорија:Езера во Егејска Македонија Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Кожани (округ) Категорија:Серфиџе Категорија:Велвендо Категорија:Кожани Категорија:Бистрица (Егејска Македонија)