Света Варвара — поствизантиска селска црква во битолското село Драгош, Македонија.
Местоположба
Малата црква се наоѓа во самото село Драгош, сместена на самиот влез во селото, лево од асфалтниот пат.
Историја
За овој храм, мештаните велат дека е „многу стар“, но точната година не може да се одреди.
Архитектура
Црквата е мал еднокорабен храм, изграден во поствизантиско време. До крајот на век на источната фасада, во триаголниот простор над апсидалната конха, сочувани се остатоци од композицијата „Вознесение на Свети Илија“. Во текот на реновирањето, сите елементи од кои би можело поточно да се одреди од кога датира оваа црквичка, биле уништени од месното население.
Иконостас и икони
На крајот на век неколку икони од црквата се пренесени во битолската катедрала „Св. Димитриј“. Во Музејот на Македонија во Скопје се наоѓа иконата „Свети Теодор Тирон и Теодор Стратилат“, која датира од крајот на или почетокот на век.
Галерија
Поврзано Битолско архијерејско намесништво Бистричка парохија Драгош
Наводи
Надворешни врски
Драгош