Свети Димитрија — македонски православен црковен храм кој се наоѓа во селото Гуѓаково во областа Мариово. Сместена е на зарамнетиот врв на ридот веднаш јужно над самото село. Градбата на манастирска црква најверојатно потекнува од XIX век, а веднаш крај самиот влез постои плоча на која е запишано дека таа е обновена во 1998 година. Внатрешноста на црквата е живописана со фрески и икони приложени од селани запишани со своите имиња (и занаети), а на иконостасот кај олтарот е запишано дека тие се нацртани од зографи од селото Гари, Дебарско. Во дворот околу црквата се селските гробишта кои се многу стари. Поради оддалеченоста, непристапноста и неповрзаноста на Гуѓаково со патна врска со било кое друго место во црквата не се одржуваат верски обреди, богослужби и празнувања, но во нејзината внатрешност постои тетратка во која се запишуваат посетители кои доаѓаат речиси секоја година.
Галерија
Гуѓаково Категорија:Дела на Дебарската школа