Миодраг Булатовиќ (), (, Бијело Поље, — , ) – српски писател, еден од најпознатите претставници на модерната српска книжевност.
Животопис Булатовиќ завршил гимназија во Крушевац, во 1950 година, а потоа студирал психологија и книжевност на Белградскиот универзитет. Некое време работел како новинар, а во текот на 1990-тите бил политички ангажиран во редвоите на Социјалистичката партија на Србија, каде ја бранел идеологијата на Слободан Милошевиќ во моментите на распадот на СФР Југославија.
Неговото име го носи библиотеката во Раковица.
Творештво Миодраг Булатовиќ бил романописец и драматург. Неговата слика на светот е морбидна, а ликовите се карневалски, истовремено гротескни и трагични. Неговите дела светските критичари ги споредуваат со делата на Џовани Бокачо, Франсоа Рабле и Мигел де Сервантес.
Библиографија Најпознати дела на Булатовиќ се: Ѓаволите доаѓаат (Ђаволи долазе) (1955) Волкот и ѕвоното (Вук и звоно) (1958) Црвениот петел лета кон небото (Црвени петао лети према небу) (1959) Херој на магаре (Херој на магарцу) (1967) Војната беше подобра (Рат је био бољи) (1969) Луѓе со четири прста (Људи са четири прста) (1975) Петтиот прст (Пети прст) (1977) Гуло Гуло Gullo Gullo (1983) Тетовирање на срцето (Тетовирање срца) – роман во подготовка
Награди 1975 НИН-ова награда за романот „Луѓе со четири прст“.
Надворешни врски Живот... Ђаво... 80 година од рођења Миодрага Булатовића („Политика“, 20 февруари 2010.)
Категорија:Српски раскажувачи Категорија:Српски романописци Категорија:Добитници на НИН-овата награда Категорија:Срби од 20 век Категорија:Српски писатели Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград)