Анеџиб или Аџиб — име на раноегипетскиот фараон од Првата династија. Веројатно владеел околу 2910 година п.н.е.Jahreszahlen nach Schneider: Lexikon der Pharaonen
Точната должина на неговото владеење е непозната. Во Кралскиот канон од Торино се споменуваат 74 години, додека во ракописите на Манетон се споменуваат 20 и 26 години владеење. Египтолозите сметаат дека овие проценки се претерани. Записот датиран од времето на 5-та династија, Каменот од Палермо, дава информации за околу 10 години владеење.Wolfgang Helck: Untersuchungen zur Thinitenzeit . Seite 124.
Анеџиб си доделил нов владеачки атрибут „двајца господари“ кој се однесува на боговите Хорус и Сета. Овој наслов симболично се однесува на сојузот на Горен и Долен Египет.
Гробницата на Аниџиб се наоѓа во Абидос и е позната како „гробница X“. Со димензии од 16,4 на 9,0 метри, тоа е најмалата од кралските гробови во оваа област. Главната просторија е опкружена со 64 други гробови. Предмети на кои е напишано неговото име се од наоѓалиштата во Абидос и Сакара.Toby A. H. Wilkinson: Early Dynastic Egypt. Routledge, London 1999, , page 78, 79 & 275.
Наводи
Надворешни врски
Francesco Rafaele: Adzib - Merbiape
Категорија:Фараони од Првата египетска династија