Штефан Фрај (роден на 20 април 1986 година во Алтштетен) — швајцарски фудбалер, голман на Сиетл Саундерс.
Целата своја кариера ја има поминато играјќи за екипи од САД, во УСЛ и МЛС.
Животопис Штефан е братучед на поранешниот фудбалер - капитен и најдобар стрелец на сите времиња на швајцарската репрезентација - Александер Фрај, кој настапувал на позицијата напаѓач и поголемиот дел од својата кариера го поминал играјќи за Базел, клуб во кој денес работи како тренер во младинските категории.
На 13 јуни 2017, Фрај на Твитер објавил дека официјално се здобил со американско државјанство.
Колеџ и рани години Фрај се преселил од Швајцарија во САД кон крајот на 90-тите, и посетувал настава во средното училиште Де Ла Сејл во Конкорд, Калифорнија, и играл колеџ фудбал на Универзитетот на Калифорнија во Беркли. За време на својте колеџ денови, Фрај исто така играл и за екипите Сан Франциско Силс и Сан Хосе Фрогс во УСЛ развојната лига.
Клупска кариера ФК Торонто Фрај бил избран за МВП на MLS Player Combine 2009 во Форт Лодердејл, и потпишал договор со Генерација Адидас. Тој бил драфтуван во првата рунда (13-ти пик) на МЛС Супер Драфтот 2009 од ФК Торонто.
Тој го направил своето професионално деби на 21 март 2009 година, во првиот натпревар на Торонто во МЛС сезоната 2009 против , и наскоро се утврдил како прв голман на тимот. Кратко време потоа Фрај бил избран за Играч на месецот на Торонто за април 2009. Фрај исто така ја добил наградата за Одбрана на колото во МЛС за 15-тото коло и потоа уште трипати едноподруго за 24-тото, 25-тото и 26-тото коло од сезоната.
Тој одиграл 3 натпревари за Торонто во Канадското првенство 2009, притоа не примил ниту еден гол и направил неколку клучни одбрани во одлучувачкиот натпревар со кој му помогнал на Торонто да го победи со голема разлика (6-1), која им била неопходна да го минат на табелата со подобра гол-разлика за само еден гол, и да ја освојат нивната прва титула во клупската историја.
На 25 април 2010, Фрај ја сочувал својата прва сува мрежа за сезоната 2010 во победата со 2–0 на домашен терен над . Фрај имал уште една извонредна сезона како прв голман на Торонто. Тој ја завршил сезоната со 1.32 примени гола по натпревар и 70% одбранети удари кон неговиот во просек, со што ги подобрил сите статистички показатели од неговата дебитантска сезона. На 18 ноември 2010 година, било објавено дека Фреј ќе дипломира на програмот на МЛС Генерација Адидас на крајот на сезоната 2010.http://www.mlssoccer.com/news/article/generation-adidas-players-graduate-seasons-end Generation adidas players to graduate at season's end
Во јануари 2011, откако Арон Винтер бил назначен за нов тренер на клубот, тој изјавил во едно интервју дека Џулијан Де Гусман, Двејн Де Росарио и Штефан ќе бидат клучните играчи за Торонто во сезоната што надоаѓала и бил импресиониран од квалитетите на Фрај. Својата прва сува мрежа во сезоната 2011 ја забележал во вториот сезонски натпревар, победата на домашен терен со 2–0 над Портланд Тимберс на 26 март; Фрај исто така ја забележал и својата трета асистенција откако играл за Торонто овозможувајќи му на Хавиер Мартина да го постигне вториот гол во натпреварот, кој подоцна бил избран за Гол на колото во МЛС. По заминувањето од клубот на капитенот Двејн Де Росарио на почетокот на април 2011, тренерот Винтер го именувал Мајкон Сантос за нов капитен додека Фрај станал заменик капитен. На 13 април против Лос Анџелес Галакси Фрај ја носел капитенската лента за првпат за време на неговиот престој во Торонто поради повредата на Сантос; натпреварот завршил нерешено 0–0. Фрај ги започнал повеќето натпревари во првиот дел од сезоната но се соочил со некој повреди, а по одмарањето во неколку натпревари, резервниот голман Милош Коциќ направил неколку силни настапи создавајќи високо конкурентна средина за позицијата прв голман. На крајот на сезоната било објавено дека Фрај ќе тренира со Ливерпул и ќе се врати во Торонто за пред-сезонските подготовки.
Откако го направил своето деби за сезоната 2012 на 7 март против Лос Анџелес Галакси во првиот натпревар од четвртфиналето на КОНКАКАФ Лигата на шампионите 2011–2012, во вториот Фрај останал на клупата а Коциќ добил предност да биде во почетната постава. Многу шпекулации започнале да се појавуваат со гласини дека Фрај ќе биде трејдуван, но следната недела тој за време на тренинг се здобил со скршеница на малата писка. Две недели подоцна, клубот објавил дека Фрај ќе мора да се оперира за да ги поправи лигаментите во левиот глужд, и дека се очекува да биде надвор од акција четири до шест месеци поради што би можел да ја пропушти целата сезона.
По една година закрепнување, Фрај влегол во претсезонските подготовки за сезоната 2013 како прв одбран голман, но сепак претрпел помала повреда на тренинг, со што му дозволил на резервниот голман Џо Бендик да започне во првиот натпревар од сезоната. Бендик продолжил со силни настапи принудувајќи го тренерот Рајан Нелсен да се држи за него како опција помеѓу стативите, а Фрај го заработил својот прв настап по пауза од повеќе од една година во натпреварот против Монтреал Импакт во Канадското првенство на 24 април 2013 година; натпреварот завршил со победа на Торонто од 2-0.
Сиетл Саундерс thumb|Штефан Фрај во јули 2017 На 10 декември 2013, Фрај бил трејдуван во во замена за условен пик на МЛС Супер Драфтот 2015.
Фрај дошол во Сиетл како прв голман на клубот по заминувањето на австриецот Михаел Гспурнинг, кој имал неколку неубедливи настапи во претходната сезона. Своето деби за Саундерс, Фрај го направил на 8 март 2014, во првото коло од новата сезона во МЛС, одржувајќи сува мрежа во победата на домашен терен над со 1-0. Тој бил на голот на Сиетл во сите натпревари од регуларниот дел на сезоната во МЛС, помагајќи му на клубот да го освои MLS Supporters' Shield трофејот и да избори место во плејофот од МЛС купот каде исто така бранел во сите 4 натпревари на својот тим до елиминацијата на Саундерс од во конференциското финале. Фрај бил стандарден и во Купот на САД, пропуштил само еден натпревар оној во петотто коло дозволувајќи му на ветеранот Маркус Ханеман да застане на голот, бранејќи во четвртфиналето, полуфиналето и финалето и примил само два на патот на Сиетл до титулата; прва за него во новиот дрес.
Фрај бил еден од најдобрите голмани во лигата за време на сезоната 2016, сочувувајќи ја својата мрежа празна 8 пати во 33 настапи (бил на делба на четвртото место меѓу голманите во оваа категорија), додека Сиетл се квалификувале за плејофот откако завршиле како четврти во Западната конференција. Тој примил само три гола во плејофот на МЛС купот, одржувајќи четири суви мрежи во шест натпревари во доигрувањето. Во МЛС купот 2016, Фрај бил избран за МВП на натпреварот откако имал седум одбрани во регуларното време и уште една во пенал-завршницата по која Саундерс го добиле финалето со 5–4 на пенали против неговиот поранешен клуб, Торонто, откако по 90 минути и продолженијата натпреварот завршил без голови 0–0; неговата одлучувачка одбрана по ударот со глава на Џози Алтидор во второто продолжение подоцна била опишана од репортерот на MLSSoccer.com Сем Стејскал како "една од најдобрите одбрани во историјата на МЛС купот".
Во текот на сезоната 2017, Фрај уште еднаш се потврдил како еден од најдобрите голмани во лигата: тој започнал 33 натпревари во текот на регуларниот дел од сезона, направил 84 одбрани во текот на годината со 69,4 проценти одбранети удари, примени 1.09 гола во просек по натпревар, а исто така успеал да одржи 13 суви мрежи, што било повеќе од кој било друг голман во лигата. Во плејофот, Фрај направил само четири одбрани на патот кон финалето на МЛС купот, но одржил четири последователни суви мрежи, додека Сиетл стигнал до финалето на МЛС купот без примен гол. На 9 декември 2017 година, тој го започнал финалето на МЛС Купот 2017 против неговиот поранешен клуб Торонто на БМО Филд, во "реваншот" на финалето од претходната сезона; Торонто победил во овој натпревар со 2-0 и со тоа го комплетирале треблот со освојување на МЛС купот, MLS Supporters' Shield и Канадското првенство, но Фрај бил пофален од страна на медиумите за неговата изведба во натпреварот, правејќи низа импресивни одбрани за да го задржи резултатот оној почетниот на полувремето, и направил вкупно девет одбрани во рамките на првиот час од натпреварот.
Репрезентативна кариера Фрај бил дел од швајцарската репрезентација под 15 години.
Во јануари 2017, Фрај бил повикан во кампот на американската репрезентација од Брус Арина. Тој добил американско државјанство во јуни 2017.
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 25 март 2017.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол2009 МЛС 26 0 КК 3 0 - - - - - - 29 02010 МЛС 28 0 КК 2 0 - - - - - - 30 02011 МЛС 27 0 КК 4 0 КШЛ 3 0 - - - 34 02012 МЛС 0 0 КК 0 0 КШЛ 1 0 - - - 1 02013 МЛС 1 0 КК 2 0 - - - - - - 3 0Вкупно Торонто 82 0 11 0 4 0 97 02014 МЛС 34+4Во Плејофот на МЛС купот. 0 УСКуп 3 0 - - - - - - 41 0 2015 МЛС 31+3 0 УСКуп 0 0 - - - - - - 34 02016 МЛС 33+6 0 УСКуп 0 0 КШЛ 3 0 - - - 42 02017 МЛС 33+4 0 УСКуп 0 0 - - - - - - 37 02018 МЛС 33+2 0 УСКуп 0 0 КШЛ 4 0 - - - 39 02019 МЛС 3 0 УСКуп 0 0 - - - - - - 3 0Вкупно Сиетл Саундерс 186 0 3 0 7 0 196 0Вкупно во кариерата 268 0 14 0 11 0 293 0
Титули Клупски Торонто Канадско првенство : 4 2009, 2010, 2011, 2012
Сиетл Саундерс МЛС куп : 2 2016, 2019 MLS Supporters' Shield : 1 2014 Отворен куп на САД : 1 2014 КОНКАКАФ Лига на шампиони : 1 2022 Куп на лигите : 1 2025
Наводи
Надворешни врски Колеџ кариера Штефан Фрај на Универзитетот Калифорнија Професионална кариера Штефан Фрај на soccerway Штефан Фрај на transfermarkt
Категорија:Живи луѓе Категорија:Швајцарски фудбалери Категорија:Американски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Торонто Категорија:Фудбалери на ФК Сиетл Саундерс Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Родени во 1986 година