Основно училиште „Ристо Шуклев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Ристо Шуклев“ - Кованец; скратено: ПООУ „Ристо Шуклев“) — подрачно основно училиште во селото Кованец, составен дел на истоименото училиште од селото Негорци.

Училиштето е именувано по македонскиот учесник во НОБ и партизан Ристо Шуклев.

Историја

Училиштето по неговото затворање во учебната 2000/2001, со обнова на фасадата и неговата внатрешност било повторно ставено во функција во 2016 година.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Кованец.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Гевгелија Кованец Категорија:Кованец