Основно училиште „Ѓорѓи Делев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Ѓорѓи Делев“ - Смоквица; скратено: ПООУ „Ѓорѓи Делев“) — подрачно основно училиште во селото Смоквица, составен дел на истоименото училиште од селото Миравци.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Ѓорѓи Делев.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Смоквица.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Гевгелија Смоквица Категорија:Смоквица