Жан Пол (роден Јохан Пол Фридрих Рихтер; 21 март 1763 - 14 ноември 1825) — германски романтичар, најпознат по неговите хумористични романи и приказни. Од 1793 година го користел книжевниот псевдоним Жан Пол. Сите романи кои ги создал во тој период наишле на голем одзив на публиката и на позитивни критики. Најамбициозниот роман „Титан“ го објавил во 1801-02. За делата на Жан Пол карактеристична е неправилната структура, фантазијата, љубовта спрема природата, религиозноста и емотивноста. Рихтер во Вајмар се спријателил со Хердер, но не успеал да се приближи во кругот на Гете и Шилер кои го презирале неговиот пристап кон книжвеноста. Од 1804 година со сопругата живеел среќен и мирен живот во Бајројт.
Надворешни врски
Категорија:Починати во 1825 година Категорија:Родени во 1763 година Категорија:Германска книжевност Категорија:Личности овековечени во споменикот „Валхала“ Категорија:Членови на Баварската академија на науките