Ростовскиот резерват на природата (руски: Ростовский заповедник) е строг резерват на природата или резерват од затворен тип, кој ги штити разновидните чувствителни јужноевропски степски мочуришта и најголемото стадо на диви коњи во Европа. Тоа е исто така мочуришно живеалиште за птици. Заштитените подрачја се поделени на пет дела, кои ги покриваат водите на соленото езеро Манич-Гудило, островите во тоа езеро, околните степски и крајбрежни земјишта. Резерватот се наоѓа во Орловскиот округ, во Ростовска област, оддалечен 100 километри североисточно од Ростов на Дон. Оваа месност е дел од Рамсакрските заштитени мочуришни подрачја од меѓународно значење.

Топографија Резерватот на природата Ростов е сместен во јужниот дел на источноевропската рамнина во долината на реката Манич. Доминантна геолошка одлика на резерватот е езерото Манич-Гудило, резервоар на солена вода, кој е опкружен со сув, степски и полупустински пејзаж. Езерото е долго и тесно, и зафаќа дел од Манич меѓу Азиското и Каспиското Море. Оваа долга депресија е остаток од она што некогаш била морска врска меѓу Црното и Каспиското Море.

Постојат четири одделни сектори во резерватот:

Островски сектор (4591 хектари). Во овој сектор влегуваат водниот и изгорен остров во северниот дел од езерото, како и крајбрежното земјиште. Максималната надморска височина е 93 метри. Ова подрачје се наоѓа долж езерото почнувајќи од Резерватот на природата „Црна земја“. Стариковски сектор (2115 хектари). Овој дел е втората тераса над главното земјиште на Манич. Теренот е брановит со бранови клисури. Максимална надморска височина е 135 метри. Краснопартизански сектор (1768 хектари). Се наоѓа во југоисточниот дел на Ремонтненскиот округ. Цагаан-Хаг сектор (990 хектари). Тоа е солено мочуриште кое во пролет е потопено.

Клима и екорегион Природниот резерват Ростов се наоѓа на Понтонскиот степски екорегион, регион со умерени пасишта, савани и грмушести предели, северно од Црното и Каспиското Море, меѓу реката Днепар и Уралските Планини.

Климата е влажна и континентална според Кепеновата климатска класификација, со топли лета и студени зими. Климата во резерватот се одликува и со големи варијации на температурата, како дневни така и сезонски. Во летниот период температурата може да се качи и до 40°С. Просечната преципитација се движи од 250 mm - 500 mm зависно од локацијата.

Флора и фауна Во непосредниот дел од резерватот теренот е покриен со степски, тревести растенија. Најшироко е распространета пченицата со полиња од синкаста трева. Во областите со повеќе солена почва се наоѓаат големи и комплекси заедници на халофити (растенија толерантни на сол). Во Цагаан-Хаг секторот се карактеристични екстремно солени мочуришта.

Резерватот е познат како заштитена зона на најголемото стадо на диви коњи во Европа. Птиците се најбројни животни по бројот на видови во резерватот. Во постојани жители се вбројуваат: малата рибарка, малиот корморан, розовогрбниот и кадравиот пеликан, езерскиот галеб, бувот, фламингото и разни видови од родот ибис. Во резерватот има регистрирано повеќе од 200 вида на птици, од кои 120 вида се гнездат во областа, а 63 вида се птици преселници.

Еколошки туризам Резерватот го поддржува екотуризмот и за таа цел се отворени две приватни патеки за јавноста. Едната стаза, наречена „Загатки на Маническаја долина“ е пешачка кружна стаза, во должина од два километра, покрај брегот од езерото. Постои и кула, од која може да се набљудуваат коњите, излетнички терен и пристаниште за бродови кои прават екскурзии на еден од островите во резерватот. Другата патека наречена Азурен цвет води низ полињата со лалиња и ириси, а тука се гледаат и цели јата на жерави и галеби. По патеките се организираат тури од април до октомври за посетители од сите возрасти. Исто така можат да бидат организирани и посети на некои од помалите солени езера, кои во минатото биле користени за производство на сол и лековита кал. Постојат туристички објекти, како и природнонаучен музеј.

Меѓутоа како строг природен резерват тој е главно затворен за општата јавност. Научниците и екологистите можат да се договорат со менаџментот на резерватот за посети по одредени еколошки патеки.

Поврзано

Список на руски природни резервати (класа 1а заповедник) WikiCommons галерија: Манич-Гудило заштитено подрачје

Наводи

Надворешни врски

Карта на Ростовски резерват на природата, OpenStreetMap Карта на резерватот, ProtectedPlanet

Категорија:Природни резервати во Русија