Прашката библија испечатена во 1488 година била првата целосна верзија на Библијата испечатена на чешки јазик и прва на словенски јазик во тоа време. Библијата била испечатена во Прага, во главниот град на Кралството Бохемија, денешна Чешка. Библијата се состои од 610 страници. Трошокот за печатење бил на четворица богати луѓе од Прага. Денес, зачувани се околу 90 копии на Библијата. Една година подоцна, во 1489 година во Кутна хора била испечатена друга верзија на Библијата, што ја прави најстарата чешка библија со илустрации.Pražská bible a počátky českého knihtisku. Český rozhlas (Czech)

Наводи

Категорија:Преводи на Библијата Категорија:Книги на чешки Категорија:Прага Категорија:Христијански текстови од 15 век