Авионска несреќа кај Солунска Глава — авионска несреќа на мал авион од типот цесна, кој летал од Охрид до Софија. Несреќата се случила на 2 април 2019 година во близина на врвот Солунска Глава во текот на попладневните часови. Во несреќата загинало четиричлено семејство од Бугарија.
Тек на несреќата
Авионот бил изгубен од радарскиот систем западно од врвот Солунска Глава, кога биле вклучени два полициски хеликоптера да го бараат.
Пронаоѓање
Остатоците од урнатиот авион биле пронајдени на непристапен терен и голема височина.
Патници
Меѓу загинатите патници во авионот биле Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и нивните две ќерки.
Наводи
Надворешни врски Профил за несреќата
Категорија:Воздухопловни несреќи во Македонија Категорија:Македонија во 2019 година