мини|десно|250п|Горанското село Љубовишта со Коритник во позадината. мини|десно|Шуми на Коритник

Коритник (, ) — варовничка планина во североисточна Албанија и југозападно Косово, помеѓу градовите Кукуш и Призрен. Целата јужна и југоисточна страна на масивот навлегува во областа Гора, населена со Македонци муслимани (Горанци). Висока е 2 393 м, мошне шумовита и целосно опкружена со ракавци на реката Бел Дрим. Одделена е од соседната планина Галица со Ванавската Клисура, долга 3,5 км, широка 30, а длабока околу 300 м.

Природа и екологија Масивот спаѓа во балканскиот екорегион на широколисните и мешани шуми од умерените предели. Планинските падини претежно се прекриени со иглолисни шуми. На високите пасишта живеат дивокози.

Коритник е опфатен во Природниот парк „Кораб-Коритник“, кој пак е дел од таканаречениот Европски зелен појас. Планината е прогласена за важно растително подрачје од меѓународно значење.

Истоимени природни места Коритник се нарекува и карстно-варовничкото поле на кое лежи селото Лазарополе во областа Мала Река, западна Македонија.Коритник (9643575) — GeoNames

Поврзано Кораб Гора Паштрик Галица Список на планини во Албанија

Белешки a.  

Наводи

Надворешни врски

— репортажа од искачувачка експедиција — репортажа од искачувачка експедиција

Категорија:Планини во Албанија Категорија:Планини во Косово Категорија:Гора Категорија:Кукуш (област) Категорија:Дебар (област) Категорија:Албанско-косовска граница Категорија:Меѓународни планини во Европа