мини|Поглед кон сфингата мини|Сфингата од Бучеџи
Сфинга () – е природна карпеста формација во Паркот на природата Бучеџи која се наоѓа во Бучеџишките Планини во Романија. Сместена е во комплексот на карпести формации Бабеле, на надморска височина од 2216 метри.
Првата фотографија на „Големата сфинга во Бучеџи“ најверојатно била снимена околу 1900 година. Оваа фотографија била направена фронтално, а не странично, како што обично се појавува на сликите во денешно време. Прекарот, добиен врз основа на наликувањето на Големата сфинга во Гиза, го добила во 1936 година. Сликата на сфингата се појавила кога карпата, со висина од 8 и ширина од 12 метри, била гледана под одреден агол . Мегалитот најјасно се оцртува на 21 ноември, кога Сонцето заоѓа.http://www.tourist-informator.info/en/tourist-information/busteni/free_time_entertainment-local_attractions-sfinxul_din_bucegi_-60-busteni/
Во романски филмови Сфингата од Бучеџи се појавува во филмот „Дакијци“ од 1967 година, каде што е жртвено место за богот Залмоксис. Се појавува и во филмот „Буребиста“ од 1980 година, во кој се изедначува со античкиот дачијски крал и вечноста на романскиот идентитет.Ciprian Plăiașu, "Mitul strămoșilor în „epopeea națională“: Dacii, Columna și Burebista", Historia, 20 December 2011
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Карпести формации во Европа Категорија:Туризам во Романија Категорија:Планини во Романија Категорија:Карпати