Економијата на Србија — економија чии приходи се базирааат на услужниот сектор зазимајќи две третини од вкупниот бруто-домашен производ (БДП) и функционира на принципите на слободниот пазар. Номиналниот БДП во 2018 година изнесувал 47,654 милијарди долари, што е 6,814 долари по жител, додека БДП врз основа на паритет на куповната моќ (ППП) изнесувал 112,512 милијарди долари, што е 16,089 долари по глава на жител.
Најсилните сектори во економијата се енергетика, автомобилската индустрија, рударството и земјоделството. Примарен индустриски извоз се автомобили, железо и челик, гума, облека, пченица, овошје и зеленчук, обоени метали, електрични апарати, метални производи, оружје и муниција. Трговијата игра голема улога во српското економско производство. Главните трговски партнери се Германија, Италија, Русија, Кина и соседните балкански земји.
Белград е главен и економски центар на Србија и е дом на повеќето големи српски и меѓународни компании кои работат во земјата, како и Народната Банка на Србија и Белградската берза. Нови Сад е втор по големина град и најважен економски центар по Белград.
Историски преглед
Во доцните 1980-ти, на почетокот на процесот на економска транзиција од планирана економија во пазарна економија, српската економија имала поволна позиција во споредба со повеќето земји од Источниот блок, но таа била сериозно погодено поради Југословенските војни и санкциите на ООН и трговското ембарго за време на 1990-тите Во исто време, земјата доживеа сериозен „одлив на мозоци“.. По соборувањето на Слободан Милошевиќ во 2000 година, Србија поминала низ процес на транзиција кон пазарна економија и доживеала брз економски раст. За време на тој период, српската економија растела 4-5% годишно, просечните плати се зголемиле четирипати, а економските и социјалните можности драматично се подобриле. За време на Големата рецесија, Србија забележала пад на економијата од 3,1% во 2009 година, а по неколкугодишната економска стагнација предкризното ниво на БДП било постигнато само во 2016 година.
Од 2014 година, земјата е во процес на преговори за пристапување кон Европската унија.
Макроекономски трендови Економски раст Просечниот раст на српскиот БДП во последните пет години бил скромен 1,3% на годишно ниво. Структурата на БДП по сектори во 2015 година била : услуги 67,1%, индустрија 25,2%, земјоделство 7,7%.
БДП Година 2000 2002 2004 2006 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 Стапка 7.7% 7.1% 9.0% 4.9% 5.3% -3.1% 0.6% 1.4% -1.0% 2.5% -1.8% 0.8% 3.3% 2.0% Извор: Светска банка
Јавни финансии
Јавниот долг на Србија во однос на БДП од 2000 до 2008 година се намалил за 140,1 процентен бод, а потоа започнал повторно да се зголемува, додека владата се бори со ефектите од светската финансиска криза во 2008 година. Во 2017 година, јавниот долг изнесувал 61,5% од БДП.
Јавни финансии Year 2000 2002 2004 2006 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 Милијарди евра 14.17 13.43 11.02 9.35 8.78 9.85 12.16 14.78 17.72 20.14 22.76 24.81 24.71 23.21 Учество на БДП 201.2% 68.3% 52.6% 35.9% 28.3% 32.8% 41.8% 45.4% 56.2% 59.6% 70.4% 74.7% 71.9% 61.5% Извор: Министерство за финансии на Србија
Српските девизни резерви биле значително зголемени во периодот од 2000 до 2009 година, кога изнесувале 10,6 милијарди евра и оттогаш останале на тоа ниво.
Девизни резерви Година 2000 2002 2004 2006 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 Централна банка (милијарди евра) 0.55 2.19 3.10 9.02 8.16 10.60 10.00 12.06 10.91 11.19 9.91 10.38 10.20 9.96 Централна банка (милијарди евра) 0.39 0.68 0.59 0.52 0.92 1.42 1.68 0.80 1.06 0.91 1.73 1.43 1.56 1.11 Вкупно (милијарди евра) 0.95 2.86 3.70 9.54 9.08 12.03 11.69 12.87 11.97 12.10 11.64 11.81 11.76 11.07 Извор: Народна банка на Србија Валута и инфлацијата
Официјалната валута во Србија е српскиот динар и нејзината најраната употреба датира од 1214 година.
Србија историски се борела со високата инфлација, особено за време на 1980-тите и 1990-тите. Во 1992 и 1993 година доживеала период на хиперинфлација кој траела вкупно 25 месеци. Во 1993 година, месечната стапка на инфлација изнесувала неверојатни 313 милиони проценти. Од почетокот на 2000 година стапката на инфлација е стабилизирана и во последните неколку години бележи релативно ниско ниво на инфлација.
Инфлацијата и српските девизни курсеви Година 2002 2004 2006 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 Стапка на инфлација 19.5% 11.0% 11.7% 12.4% 8.1% 6.1% 11.1% 7.3% 7.7% 2.1% 1.4% 1.1% 3% 2% Долари/Динари 58.98 57.94 59.98 62.90 66.73 79.28 80.87 86.18 83.13 99.46 111.25 117.13 99.11 103.39 Евра/Динари 61.51 78.89 79.00 88.60 95.89 105.50 104.64 113.72 114.64 120.96 121.63 123.47 118.45 118.19 Извор: Светска банка,Народната банка на Србија ; <small> Забелешка: Сите податоци се добиени на 31 декември</ small> Странски директни инвестиции
Привлекувањето на странските директни инвестиции е поставено како приоритет за владата на Србија, која обезбедува финансиски и даночни олеснувања за компании кои сакаат да инвестираат. Водечките земји-инвесори во Србија се: Италија, САД, Австрија, Норвешка, Грција и Германија. Поголемиот дел од СДИ влегле во автомобилската индустрија, индустријата за храна и пијалаци, машините, текстилот и облеката.
Фирмите со син-чип кои инвестираат во производствениот сектор се: Фијат Крајслер Автомобили, Ро̀берт Бош ГмбХ, Мишлен, Сименс, Панасоник, Континентал АГ, Шнајдер Електрик, Филип Морис, ЛафаргеХолцим, Пепсико, Кока-Кола, Карлсберг и други. Во енергетскиот сектор, руските енергетски гиганти, Лукоил и Гаспром направиле големи инвестиции. Финансискиот сектор привлекол инвестиции од италијански банки како Интеса Санпаоло и УниКредит, Кредит Агрикол и Сосиете Женерал од Франција, Ерсте Банка и Рајфајзен од Австрија, ИКТ и телекомуникациите забележале инвестиции од страна на Микрософт, Теленор, Телеком Австрија. Во малопродажниот сектор, најголемите странски инвеститори се холандскиот Ahold Delhaize, германскиот Метро АГ и Шварц Групе, грчкиот Верополос и хрватскиот Агрокор.
Странски директни инвестиции Година 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 Вкупно (милиони долари) 54 177 546 1,511 1,077 1,579 5,663 4,389 3,407 2,729 1,549 3,018 2,629 1,518 1,550 2,114 2,080 2,867 По глава на жител (долари) 7.2 23.6 72.8 202.0 144.3 212.2 764.0 594.6 461.5 372.8 212.5 415.8 365.2 211.9 216.7 297.7 292.9 320.6 Извор: Агенција за развој на Србија https://en.portal.santandertrade.com/establish-overseas/serbia/investing Надворешна трговија
Србија има договори за слободна трговија со странски земји и трговски блокови.
Србија потпишала договор за слободна трговија со Европската унија во 2008 година, со што се овозможило извоз на сите производи што потекнуваат од Србија без царински и други давачки. За ограничен број на производи (говедско месо, шеќер и вино), годишните увозни квоти остануваат во сила. Почнувајќи од 2016 година, земјите на ЕУ биле најголемите трговски партнери на Србија со 64,4% од вкупната надворешно-трговска размена на земјата.
Србија е член на ЦЕФТА за овозможување извоз на сите производи што потекнуваат од Србија без царински и други давачки до соседните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Црна Гора и Косово . Во 2016 година, земјите од ЦЕФТА беа вториот најголем трговски партнер на Србија.
Србија потпишлаа договор за слободна трговија со членовите на ЕФТА (Швајцарија, Норвешка, Исланд) во 2009 година.
Српскиот договор за слободна трговија со Русија бил имплементиран од 2000 година; за ограничен број на производи, годишните увозни квоти остануваат во сила. Договорот за слободна трговија со Турција се спроведува од 2010 година. Трговијата со Соединетите Американски Држави се води според Генерализираниот систем на преференции (ГСП) со преференцијален влез без царина за околу 4.650 производи.
{| border=1 cellpadding=4 cellspacing=0 class="toccolours" style="align: left; margin: 0.5em 0 0 0; border-style: solid; border: 1px solid #7f7f7f; border-right-width: 2px; border-bottom-width: 2px; border-collapse: collapse; font-size: 95%;" |- ! colspan=16 style="background: #efefef; border-bottom: 2px solid gray;" | Надворешна трговија |- | Година | 2000 | 2002 | 2004 | 2006 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |- | 'Извоз (милиони американски долари): ' | 1,558 | 2,074 | 3,523 | 6,431 | 10,974 | 8,345 | 9,794 | 11,780 | 11,353 | 14,614 | 14,843 | 13,379 | 14,883 | 16,992 | 19,227 |- | Увоз (милиони американски долари): ' | 5,614 | 5,614 | 10,755 | 13,174 | 24,332 | 15,808 | 16,471 | 19,862 | 19,014 | 20,543 | 20,650 | 18,218 | 19,247 | 21,946 | 25,883 |- | '''Биланс (милиони американски долари): ' | -1,772 | -3,540 | -7,232 | -6,743 | -13,358 | -7,463 | -6,677 | -8,082 | -7,661 | -5,929 | -5,806 | -4,839 | -4,363 | -4,954 | -6,657 |- | Увоз/извоз (%):'| 46.8 | 36.9 | 32.8 | 48.8 | 45.1 | 52.8 | 59.5 | 59.3 | 59.7 | 71.1 | 71.9 | 73.4 | 78.8 | 77.4 | 74.3 |- | colspan="16" | Извор: Завод за статистика на Србија
Извоз и узвоз по земја 2013–2015.