Нинечер бил третиот крал од Втората египетска династија. Владеел од 2810 или 2790 г. п.н.е. Постојат теории дека владеел 40 или 47 години. Се споменува на Каменот од Палермо, како и на печатите пронајдени во подземната галерија во Сакара.Франческо Рафаеле - ЕГИПОЛОГИЈА: Печати впечатоци , Преземено 8 април 2013 Има многу предмети од времето на неговото владеење, кое било долго и просперитетно. Познато е дека за време на неговото владеење, имало економски и внатрешно-политички проблеми.

Гробот на Ниничер бил пронајден во галерија во Сакара, означен како „гроб Б“, и се наоѓа на околу 150 метри од гробот на Хотепсехемви.СБ Хасан: ASAE 38. Ausgabe ; 1938; стр. 521 Подземната гробница се состои од голем лавиринт со ходници, простории и ниши. Самата гробница е на југозапад од комплексот, но нејзиниот покрив се распаднал. И другите коридори и простории се во опасност од уривање.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фараони од Втората египетска династија