мини|’Ртвели во Кахетија од авторот Григориј Гагарин, 1847

’Ртвели () – традиционална берба на грозје и рурален празник на бербата во Грузија, проследен со прослави, музика и приредби. Обично почнува кон крајот на септември во источниот дел на Грузија и во средината на октомври во западна Грузија. Sakartvelo Tour/Праздник сбора винограда

’Ртвелито обично трае неколку дена, луѓето ја почнуваат бербата од рано утро, а денот го завршуваат со прослава и пеење народни песни чии теми се бербата и виното.Robert Parsons. Revelling in Georgia's grape harvest. Би-Би-Си њуз 26 октомври 2003Нато Алапишвили Move to Revive Georgian Wine Industry. Кавкаска разузнавачка служба бр. 307. 6 октомври 2005Kakheti - Wine Homeland . Регионална влада Кахетија.

Потекло на поимот Името на празникот потекнува од древниот грузиски збор „stveli“, што значи „берба на овошје“. Со текот на времето, буквата s била заменета со r, а зборот означува само берба на грозје. Georgian Jpurnal/Rtveli – Harvesting grapes, Georgian style

Дневни активности лево|мини|300п|Гроздобер во периодот ’ртвели (Нико Пиросмани) Во текот на денот цело семејство, заедно со пријателите и комшиите, се собира во лозјето и ја почнува бербата. Се работи или со голи раце или со посебни ножици. Сите садови поврзани со собирањето грозје и подготовката на вино се измиени и очистени многу темелно и внимателно.

Се користат различни садови и инструменти: Georgia Travel/Ртвели годори – издолжена корпа, исплетена од дренови прачки, за берба на грозје сацнехели – дрвено корито за гмечење на грозјето. Гмечењето вообичаено се врши со нозе, обуени во чизми. Коритото има посебен отвор низ кој исцедениот сок се прелива во глинен сад квеври. Квеври – глинен сад, во кој виното ферментира. Марани – подрум, во кој се закопуваат глинените садови заради подобра ферментација.

Грозјето не се користи само за производство на вино. Од добиената комина се прави ракија чача, а од соковите слатките – пеламуши и чурчхела.

Вечерни активности лево|мини|300п|Славење во периодот ’ртвели (Нико Пиросмани) Вечерите поминуваат во изобилство на храна и пијалаци. Се служат големи количини грузиски деликатеси - шашлик, хинкали, сациви, лобио, хачапури, проследени со изобилство овошје и зеленчук и задолжителните чурхели. Количината и и разновидноста на сервираната храна и пијалаци не ја симболизира само богатат берба, туку се во знак на богата и успешна година.

Според традицијата, што повеќе гости, посреќна е годината. Младото вино се дегустира, се наздравува, првата здравица е од домаќинот и обично е посветена на татковината, гозбата, грозјето, новото вино. Ова се повторува секоја ноќ во текот на празниците.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Грузиска култура Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ