Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Панчарево; скратено: ПООУ „Гоце Делчев“) — подрачно основно училиште во селото Панчарево, составен дел на основното училиште „Ванчо Китанов“ од градот Пехчево.
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Панчарево, односно во маалото Филиповци, непосредно до главната селска црква „Св. Димитриј“.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Пехчево Панчарево Категорија:Панчарево