Матајс де Лихт (роден на 12 август 1999 година, во Лејдердорп) — холандски фудбалер, на Манчестер Јунајтед и на холандската репрезентација.

Де Лихт е првиот и единствениот одбранбен играч досега кој ја добил наградата Златно момче (во 2018 година).

Животопис Матајс де Лихт е роден на 12 август 1999 година, во Лејдердорп, како прво дете на Вивијан и Франк де Лихт. Набргу по неговото раѓање семејството се преселило во Абкуде на околу 13 километри југоисточно од Амстердам. Подоцна семејството било проширено со раѓањето на неговите брат и сестра, близнаците Флер и Вутер.

Од 2018 година, тој е во врска со Аники Моленар, ќерка на поранешниот фудбалер Кеје Моленар.Matthijs de Ligt - Love Life - Single, Girlfriend or Wife? wtfoot.com

Технички одлики Де Лихт е еден од најценетите млади перспективни играчи во неговата генерација, што го потврдува и освојувањето на наградата Златно момче, која му се доделува на најимпресивниот млад фудбалер во европскиот фудбал. Тој е комплетен централен дефанзивец, физички силен, добар во играта со двете нозе, чии јаки страни исто така се и навремените стартови и расчистувања, играта во воздухот, прецизните додавања и солидната техника и финеси кои ги поседува за еден стопер. Иако не е многу брз тој е способен добро да ја чита играта на противникот и да се поставува на вистинското место. Исто така, тој може и да ја организира играта на својот тим како плејмејкер од последната линија.Matthijs de Ligt, capitano dell’Ajax a 18 anni Неговата висина и скок му овозможуваат да биде голема закана при прекините и нафрлените топки, додека неговата сила значи дека е малку веројатно дека ќе биде истуркан во борбата за позиција.

Неговиот стил на игра често е споредуван со дефанзивецот на Барселона Жерар Пике. Во едно интервју поранешниот дефанзивец на , Џејми Карагер, го пофалил Де Лихт дека игра „како да има 24 или 25 години“ што укажува на неговата зрелост уште во најраните години од неговата кариера.

Клупска кариера Ајакс Почетоци и рани години Де Лихт започнал да игра фудбал во ФК Абкуде. Во 2008 година, кога имал 9 години тој се приклучил на младинската академија на Ајакс. Најпрво тренерите на младинската академија мислеле дека е премногу бавен и нема форма, но му била дадена шанса да се развива во академијата и продолжи да го докажува неговиот квалитет. Де Лихт го потпишал првиот договор со Ајакс на три сезони во септември 2015 година. По завршувањето на сезоната 2015-2016, тој бил избран за Талент на иднината.

2016–2017: Јонг Ајакс и развој thumb|left|Де Лихт на тренинг со првиот тим на Ајакс во летото 2016 Во текот на следната сезона, 2016-2017, тој го направил својот пробив на многу рана возраст. Помалку од шест месеци откако ја добил наградата за талент на иднината, тој го направил своето деби во Ерсте дивиси, Купот на Холандија, Лига Европа и Ередивиси. На почетокот на сезоната тој му се придружил на Јонг Ајакс. За време на подготовките за новата сезона со Јонг Ајакс, на Де Лихт му било дозволено да се приклучи на првиот тим неколкупати. На пример, му било дозволено да се приклучи на тренинг кампот на Ајакс во Австрија. За време на овој тренинг камп, тој го направил своето неофицијално деби за првиот тим на Ајакс во пријателскиот двобој со Лиферинг. На 8 август 2016, Де Лихт го направил своето деби за Јонг Ајакс во натпревар од Ерсте дивиси против екипата на Емен, играјќи го целиот натпревар. Во текот на сезоната Де Лихт одиграл 17 натпревари за Јонг Ајакс.

На 21 септември 2016, Де Лихт го направил своето деби за сениорскиот тим на Ајакс во натпревар од купот против Вилем Втори. По 25 минути игра, тој постигнал гол по нафрлената топка од корнер на Хаким Зијеш со што станал вториот најмлад стрелец во историјата на Ајакс по Кларенс Сидорф; Ајакс победил во тој натпревар со 5-0. На 24 октомври, Ајакс преку Твитер објавил дека Де Лихт ќе биде промовиран во сениорскиот состав. На 24 ноември 2016, тој го направил своето деби во европските натпреварувања, во победата со 2-0 над грчкиот Панатинаикос во Лига Европа. Три дена подоцна, тој го направил своето деби во Ередивиси во 14-тото коло од сезоната на гостувањето кај Херенфен, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Дели Синкгравен во 83-тата минута од натпреварот.

Де Лихт брзо се етаблирал во првиот тим, откако бил промовиран и одиграл 11 натпревари во првенството и 9 во Лига Европа до крајот на сезоната. На 24 мај, тој станал најмладиот играч (на возраст од 17 години и 285 дена) кој заиграл во некое европско финале, кога тој го започнал натпреварот против Манчестер Јунајтед во финалето на УЕФА Лигата на Европа 2017.

2017–2019: Пробив и капитен По продажбата на Давинсон Санчес во во август 2017 година, Де Лихт станал член на почетната постава на Ајакс. Сезоната 2017-2018 ја започнал со своето деби во Лигата на шампионите, играјќи во натпреварот од квалификациите против француската Ница (1-1) на 26 јули 2017. Својот прв гол во дресот на Ајакс, Де Лихт го постигнал на 18 ноември 2017, во 13-тата минута од победата со 8-0 на гостувањето кај НАК Бреда во Ередивиси; дваесет минути подоцна тој го постигнал и својот втор гол во истиот натпревар. На 20 декември, тој го промашил одлучувачкиот пенал во седмата серија со кој неговиот тим бил елиминиран од Твенте во Купот на Холандија.Wedstrijd: FC Twente - Ajax Во март 2018, Де Лихт бил назанчен за капитен на Ајакс од страна на тренерот Ерик тен Хаг, по повредата на регуларниот капитен Џоел Велтман. Во првиот натпревар како капитен, победата со 4-1 на домашен терен над Херенфен, тој го постигнал својот трет гол за сезоната отворајќи го резултатот во 31-вата минута. Сезоната ја завршил со вкупно 39 настапи и 3 гола во сите натпреварувања.

Во сезоната 2018-2019, поради сериозната повреда на Велтман, тој бил назначен за главен капитен на тимот на трајна основа. На 11 август 2018, Де Лихт го постигнал првиот гол за Ајакс во новата сезона во холандското првенство, спасувајќи го својот тим од пораз во 88-мата минута од натпреварот на домашен терен против Хераклес Алмело што завршил 1-1. Три дена подоцна, тој го постигнал својот прв гол во европските купови во победата со 3-0 на Јохан Кројф Арената над белгискиот Стандард Лиеж во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. На 17 декември 2018, Де Лихт ја освоил наградата Златно момче, со што станал првиот одбранбен играч добитник на оваа награда. На 13 февруари 2019, Де Лихт станал најмладиот капитен во некој натпревар од нокаут фазата на Лигата на шампионите на возраст од само 19 години и 186 дена, во натпреварот против Реал Мадрид од осминафиналето. На 27 февруари 2019 година, тој го одиграл својот 100- ти официјален натпревар за Ајакс во победата со 0-3 во Де Класикер против Фејенорд во Купот на Холандија (во истиот го постигнал и првиот гол во натпреварот), со што стана најмладиот играч на Ајакс кој стигнал до 100 настапи. На 16 април 2019, Де Лихт го постигнал победничкиот гол во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против , со кој го одвел Ајакс во полуфиналето на натпреварувањето за првпат од сезоната 1996–1997. Неговиот гол исто така го направил најмладиот холандски фудбалер кој постигнал гол во нокаут-фазата уште од Нордин Вутер во 1996 година како и вториот најмлад дефанзивец кој постигнал гол по Џоел Матип. Во текот на оваа одлична сезона за Де Лихт и Ајакс, тој забележал 55 настапи и 7 гола во сите натпреварувања помагајќи му на клубот да ја освои двојната круна во Холандија. Клубот бил близу и до пласман во финалето на Лигата на шампионите, откако оствариле победа во првиот натпревар од полуфиналето против Тотенхем (0-1), во вториот воделе со 2-0 на полувремето за сепак на крајот да загубат со 2-3 со примен гол во шестата минута од судиското продолжение и да бидат елиминирани поради правилото за гол во гости.

Јувентус

На 18 јули 2019, Де Лихт потпишал петгодишен договор со шампионот на италијанската Серија А, Јувентус, во трансфер вреден 75 милиони евра. Тој станал петтиот холанѓанец кој заиграл за Јувентус по Едгар Давидс, Едвин ван дер Сар, Елјеро Елија и Уасим Боуи. Своето деби за клубот од Торино, го направил на 31 август во победата со 4-3 на домашен терен над . Совршеното деби по 60-тина минути игра се претворило во вистински кошмар за Де Лихт во остатокот од натпреварот, откако тој бил виновен за секој од трите гола на Наполи, во сите ситуации доцнејќи да ги затвори противниците кој ги постигнале головите за гостите. Неговите грешки продолжиле и во следните месеци откако тој направил пенал играјќи со рака во сопствениот шеснаесеттник во Дербито на Италија против (завршило 1-2 за Јувентус), а истото му се случило и кон крајот на октомври во натпреварот против во кој неговиот тим загубил два бода играјќи нерешено 1-1. Подоцна Де Лихт признал дека на почетокот му било потребно повеќе време да се прилагоди како и дека првичниот план на клубот и тренерот Маурицио Сари бил тој постепено да влезе во првиот тим на Јувентус, но дека повредата на капитенот Џорџо Кјелини променила се и тој морал многу порано од предвиденото да стане редовен стартер играјќи во пар со Леонардо Бонучи. На 2 ноември 2019, тој го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус и тој се покажал победнички во успехот со 1-0 над градскиот соперник во Дербито дела Моле. Тој станал најмладиот стрелец во Дербито дела Моле во последните 60 години и петти најмлад во целокупната историја на одигрување на торинското градско дерби. Голот му донел поголема самодоверба и неговите настапи станале многу посигурни во споредба со оние на почетокот од сезоната. На 2 февруари 2020, го постигнал својот втор гол за сезоната во првенствената победа на домашен терен со 3-0 против . На крајот, во првенството кое се прологирало до летото, поради пролетната пауза диктирана од пандемијата на КОВИД-19, на 26 јули 2020 година, Де Лихт со Јувентус го освоил скудетото - негово прво во кариерата. Својата прва сезона со клубот од Торино ја затворил со 39 настапи и 4 гола.

Следната сезона под водството на тренерот Андреја Пирло, тимот не успеал да го повтори успехот и да ја обрани титулата во првенството, движејќи се по флуктуирачки пат по кој, меѓу другото, како препреки се јавуваат и отсуствата на де Лихт во неколку наврати, прво тој бил надвор од терените три месеци на почетокот на сезоната поради операција на десното рамо а потоа, во јануари, бил погоден и од заразата со КОВИД-19: и покрај тоа, во 2021 година тој учествувал во двете финалиња во кои Јувентус остварил победи и нови титули, во Суперкупот на Италија против и во Купот на Италија против .

За време на третата сезона, под водство сега веќе на новиот тренер - трет во последните три години - Масимилијано Алегри, де Лихт постигнал гол во победата со 3-2 на гостувањето против помагајќи им на бјанконерите да ја забележат првата победа во новото првенство по неочекувано лошиот старт без победа во првите четири натпревари. На 10 февруари 2022, за време на натпреварот од Купот на Италија против кој завршил со резултат 2-1 за бјанконерите, де Лихт го одиграл својот 100-ти натпревар за Јувентус. На 11 мај 2022, во споменатото натпреварување де Лихт го одиграл целиот натпревар во финалето против , во кое неговата екипа загубила по продолженија со 2-4.

Вкупно за Јувентус одиграл 117 натпревари и постигнал 8 гола.

Бајерн Минхен На 19 јули 2022, де Лихт бил купен од Бајерн Минхен за сума од 67 милиони евра плус 10 милиони бонуси.

Репрезентативна кариера