Џер — третиот фараон од Првата египетска династија. Тој бил син на фараонот Хор-Аха, и внук на Нармер. Негов наследник бил неговиот син Џет, а имал и ќерка, Мернејт. Според Манетон, тој владеел 57 години, но Тоби Вилкинсон укажува дека неговото владеење било пократко. Бил погребан во Абид, а потоа неговиот гроб се сметал за гроб на Озирис, богот на подземниот свет.

Наводи

Надворешни врски

Прва египетска династија Претходник: Хор-Аха Египетски фараон Прва династија Наследник: Џет

Категорија:Фараони од Првата египетска династија