Чуфут Кале (руски и украински: Чуфут-Кале; ; караимски: КъалеКараимско-русско-польский словарь / Н. А. Баскаков, А. Зайончковский, С. Ш. Шапшал, 1974, C. 683 (Географические названия)Firkovich M. Y The ancient Karaim town Kale now called "Chufut Kale". - Vilna, 1907) – средновековна град-тврдина во Кримските Планини кој сега е руиниран.

Потекло на поимот Името на кримски татарски и турски значи „Еврејска тврдина“ („чуфут/чифут“ – Евреин, „кале“ – тврдина), додека кримските Караими ја именуваат едноставно како „тврдина“ и местото го сметаат за историски центар на кримската караимска заедница. Во средниот век тврдината била позната како „Кирк јер“ (Место на четириесетмината)Энциклопедический словарь Ф.А. Брокгауза и И.А. Ефрона— С.-Пб.: Брокгауз-Ефрон. 1890—1907 ст. Чуфут Кале;

Историја Градот најверојатно бил основан во 5-6 век, како утврдена населба на границата на Византиското Царство на Крим. Во тоа време е многу веројатно дека оваа тврдина била наречена Фула. Населението на градот за време на тој прв период главно се состоело од Алани.

Во 1299 година, тврдината под името Кирк-Ер била заробена и ограбена од ордата на Ногаи. Во 13 и 14 век градот бил регионален центар на мало вазалско кнежевство на Кримската Јурта на Златната Орда. Во 14 век, градот бил населен со Караими, ситуација што останала до времето на Кримското Ханство.Меметов А. О так называемых „тюркских народах“ Крыма . // Ученые записки Таврического национального университета им. В. И. Вернадского. Серия „Филология. Социальные коммуникации“. Том 22 (61). № 3. 2009 г. С. 172 – 178.

Кирк-Ер бил резиденција на првиот хан на независниот Крим, Хаџи I Герај. По пристапувањето на Крим кон Руската Империја ограничувањата за престојот на Караимите тука се отстранети и тие почнуваат да ја напуштаат тврдината и да се селат во други градови на Крим. До крајот на 19 век Чифут Кале бил целосно напуштен од нејзините жители. Во тврдината останало само едно семејство како нејзин чувар.

Во Чифут Кале се наоѓала тарапана, каде што биле ковани кримските монети. Во осумнаесеттиот век, овде живеел познатиот караимски научник Авраам Самуилович Фиркович (1786-1874).

Галерија

Поврзано Караимски Евреи Кенеса Долина на духовите

Наводи

Надворешни врски

History and monuments of Chufut Kale(Чуфут-Кале) The map of the fortress

Категорија:Кримски Караими Категорија:Тврдини на Крим Категорија:Знаменитости на Крим