Светското првенство во фудбал 1998 година било 16-тото Светско првенство во фудбал, меѓународен фудбалски турнир кој се одржува на секој четири години и на кој право на учество имаат сите членки на ФИФА кои ги минале квалификациите. Првенството се одржало во Франција од 10 јуни до 12 јули 1998 година. Земјата-домаќин била избрана од страна на ФИФА по втор пат во историјата на натпреварувањето, совладувајќи го Мароко во процесот на наддавање. Така, Франција добила можност вторпат да го организира првенството (првиот бил во 1938 година), а по деветти пат тој се одржал во Европа. Ова било првото Светско првенство што се одржало под претседателство на Сеп Блатер. Со времетраење од 32 дена, ова бил најдолгиот мундијал во историјата.

Квалификациите започнале во март 1996 и завршиле во ноември 1997. Ова првенство било првото на кое групната фаза била проширена од 24 на 32 екипи, со осум групи од по четири екипи. Вкупниот број натпревари на турнирот биле 64, кои се одиграле на 10 стадиони во 10 градови домаќини, а воведниот и завршниот натпревар биле одиграни на новоизградениот Стад де Франс, во Сен Дени.

Титулата на ова првенство му припаднала на домаќинот, репрезентацијата на Франција, која во финалето го победила Бразил со резултат 3-0. Тоа била прва титула за Франција, со што тие станале седма земја која триумфирала на Светското првенство во фудбал и шестата нација на која тоа и успеало на домашно тло (по Уругвај, Италија, Англија, Западна Германија и Аргентина).

Изборот на домаќин Одлуката за организаторот на светското првенство била донесена во јули 1992 година. Кандидати за организација на светското првенство биле: Франција, Мароко и Швајцарија. Во Цирих на 1 јули 1992 година, ФИФА и го доделила организаторството на Франција. Франција во гласањето го победила Мароко со 12 гласа наспроти 7. Швајцарија не ги исполнила потребните барања па поради тоа не била вклучена во гласањето.

Резултати од гласањетоДржаваРунда 1 Франција 12 Мароко 7

Квалификации

Од вкупно 174 репрезентации колку се пријавиле за учество на светското првенство, 172 учествувале во квалификациите за завршниот турнир додека само Франција како организатор на турнирот и Бразил како актуелен шампион имале обезбедено учество на светското првенство. Останатите 30 репрезентации учеството го обезбедиле преку квалификациите.

Четири репрезентации за првпат се квалификувале на Светско првенство во нивната историја: Хрватска, Јамајка, Јапонија и Јужноафриканска Република. Иран и Тунис се квалификувале на СП по првпат после 1978 година, додека Парагвај и Данска првпат се квалификувале по 1986 година. Домаќинот Франција, исто така, се вратил на завршницата на светските првенства по 12 години (ги пропуштиле претходните две првенства). Меѓу поквалитетните репрезентации кој не успеале да се пласираат на првенството биле: Уругвај (кој пропуштиле второ првенство по ред) како и трето пласираната репрезентација на Светското првенство 1994 во САД - репрезентацијата на Шведска. Русија не успеала да се квалификува на првенството за првпат по 1978 година. Највисоко рангираната екипа што не се квалификувала била Чешка (рангирана на 3. место), додека најниско рангираната екипа која се квалификувала била Нигерија (рангирана на 74. место).

Квалификувани репрезентации и начин на квалификување

Репрезентација Се квалификвале како: Дата на квалификување Конфедерација Број на настапи Последно учествона СП Најголем успехна СП Домаќин 1 јули 1992 УЕФА 10 1986 Трето место (1958, 1986) Бранител на титулата 17 јули 1994 КОНМЕБОЛ 16 1994 Победник (1958, 1962, 1970 и 1994) Победник на групата Е во втората рунда на КАФ квалификациите 26 април 1997 КАФ 4 1994 Осминафинале (1986) Победник на групата Б во втората рунда на КАФ квалификациите 8 јуни 1997 КАФ 2 1978 Групна фаза (1978) Победник на групата Ц во втората рунда на КАФ квалификациите 16 август 1997 КАФ 1 - - Победник на групата Д во втората рунда на КАФ квалификациите 17 август 1997 КАФ 4 1994 Четвртфинале (1990) Победник на групата 3 во УЕФА квалификациите 20 август 1997 УЕФА 3 1994 Осминафинале (1938) Победник на групата 8 во УЕФА квалификациите 20 август 1997 УЕФА 8 1994 Четвртфинале (1994) Победник на групата 7 во УЕФА квалификациите 6 септември 1997 УЕФА 7 1994 Финале (1974 и 1978) Победник на КОНМЕБОЛ квалификациите 10 септември 1997 КОНМЕБОЛ 12 1994 Победник (1978 и 1986) Победник на групата 4 во УЕФА квалификациите 10 септември 1997 УЕФА 7 1990 Трето место (1954) Победник на групата 5 во УЕФА квалификациите 10 септември 1997 УЕФА 7 1994 Четврто место (1994) Победник на групата 6 во УЕФА квалификациите 24 септември 1997 УЕФА 10 1994 Четврто место (1950) Победник на 4. круг на КОНКАКАФ квалификациите 5 октомври 1997 КОНКАКАФ 11 1994 Четвртфинале (1970 и 1986) Победник на групата А во втората рунда на КАФ квалификациите 8 октомври 1997 КАФ 2 1994 Осминафинале (1994) Победник на групата 1 во УЕФА квалификациите 11 октомври 1997 УЕФА 2 1986 Осминафинале (1986) Победник на групата 2 во УЕФА квалификациите 11 октомври 1997 УЕФА 10 1990 Победник (1966) Победник на групата 9 во УЕФА квалификациите 11 октомври 1997 УЕФА 14 1994 Победник (1954, 1974, 1990) Најдобра второпласирана репрезентација во УЕФА квалификациите 11 октомври 1997 УЕФА 8 1990 Групна фаза (7 пати) Второпласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите 12 октомври 1997 КОНМЕБОЛ 5 1986 Осминафинале (1986) Третопласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите 12 октомври 1997 КОНМЕБОЛ 4 1994 Осминафинале (1990) Победник на групата Б во втората рунда на АФК квалификациите 18 октомври 1997 АФК 5 1994 Групна фаза (1954, 1986, 1990 и 1994) Второпласирани во 4. круг на КОНКАКАФ квалификациите 9 ноември 1997 КОНКАКАФ 6 1994 Трето место (1930) Третопласирани во 4. круг на КОНКАКАФ квалификациите 9 ноември 1997 КОНКАКАФ 1 - - Победник на групата А во втората рунда на АФК квалификациите 12 ноември 1997 АФК 2 1994 Осминафинале (1994) Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите 15 ноември 1997 УЕФА 1 - - Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите 15 ноември 1997 УЕФА 14 1994 Победник (1934, 1938, 1982) Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите 15 ноември 1997 УЕФА 10 1994 Четврто место (1986) Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите 15 ноември 1997 УЕФА 1 - - Четвртопласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите 16 ноември 1997 КОНМЕБОЛ 7 1982 Трето место (1962) Победник на плејофот во АФК квалификациите 16 ноември 1997 АФК 1 - - Победник на плејофот АФК-ОФК 29 ноември 1997 АФК 2 1978 Групна фаза (1978)

Квалификувани репрезентации по конфедерации Следниве 32 репрезентации, се квалификувале за Светското првенство.

АФК (4)  (42)  (12)  (34)  (20) КАФ (5)  (49)  (13)  (74)  (24)   (21) ОФК (0) Нема квалификувани

КОНКАКАФ (3)  (30)  (4)  (11) КОНМЕБОЛ (5)  (6)  (1)  (9)  (10)  (29)

УЕФА (15)  (31)  (36)  (35)  (19)  (27)  (5)  (18) (домаќин)  (2)  (14)  (25)  (7)  (22)  (41)  (15)  (8)

Ждрепка Германија, Италија, Аргентина, Шпанија, Романија и Холандија биле поставени за носители, заедно со бранителот на титулата Бразил и домаќинот Франција.

За првпат во историјата извлекувањето на групите било изведено на фудбалски стадион - тоа бил стадионот Велодром во Марсеј, на 4 декември 1997 година.

Шешир 1 Шешир 2 Шешир 3 Шешир 4 (домаќин) (шампион 1994)

Преглед на првенството Општо Форматот на натпреварување на првенството бил поинаков од оној на Светското првенство 1994 година бидејќи на овој мундијал се натпреварувале 32 репрезентации наместо претходните 24. Сите 32 репрезентации биле поделени во осум групи од по четири екипи. Победниците на групите, како и второпласираните продолжувале понатаму во осминафиналето. За разлика од првенствата кои се одржале во периодот помеѓу 1986 и 1994 година на овој турнир не постоела можност третопласираните екипи да поминат понатаму. Било уведено и правилото златен гол кое се применувало во случај кога регуларниот дел од натпреварот ќе завршел нерешено.

Почнувајќи од ова првенство, репрезентациите морале да патуваат од еден град во друг за да ги играат своите натпревари во групната фаза на натпреварувањето, бидејќи различни стадиони во различни градови биле домаќини на натпреварите од групите. Исто така, бил уведeн и електричниот семафор со кој четвртиот судија го покажувал надополнетото време и замените.

Групна фаза Мундијалот бил отворен со натпреварот меѓу Бразил и Шкотска, кој завршил со победа на бранителот на титулата со 2-1. Норвешка го напрвила најголемото изненадување во групата А со победата над Бразил со 2-1, во последното коло постигнувајќи два гола во завршницата од натпреварот за да дојдат до целосен пресврт. Таа победа им овозможила на норвежаните како второпласирани заедно со кариоките да минат понатаму во осминафиналето.

Италија без проблеми го освоила првото место во групата Б, а пак на Чиле му биле доволни и три нерешени натпревари за да мине во нокаут фазата. Откако пред четири години во финалето на претходното првенство, го промашил клучниот пенал сега Роберто Баџо ја спасил Италија од пораз против Чиле за конечни 2-2 во првиот натпревар одигран од оваа група. и , исто така, имале свој шанси да минат натаму но ремито во нивниот меѓусебен двобој ќе се покаже клучно за нивната елиминација. Исто така, Автрија на овој турнир поставила еден многу интересен куриозитет, постигнувајќи голови во самата завршница односно во судиското продолежние на секој од нивните три натпревари од групата.

Франција сигурно го освоила првото место во групата Ц, иако Зинедин Зидан во натпреварот против Саудиска Арабија (завршил 4-0 за французите) заработил црвен картон кој му донел два натпревари суспензија. Од таа група како второпласирана понатаму поминала Данска, откако не успеала да ја совлада Саудиска Арабија во последното коло.

Нигерија била изненадувачки победник во групата Д (т.н. група на смртта), додека Шпанија била најголемото разочарување на турнирот не успевајќи да ја мине групната фаза. На старотот од турнирот шпанците биле поразени од Нигерија со 3-2 во фантастичен натпревар со многу пресврти, и натаму нивните шанси за понатамошен пласман биле сведени на чекање на резултатите од останатите натпревари. Така, за нив се покажало дека ниту најубедливата победа на турнирот со 6-1 над не им била доволна да ја минат групната фаза, затоа што натаму покрај Нигерија минала селекцијата на Парагвај, која по нерешените резултати со Бугарија и Шпанија во првите две кола, ја совладала Нигерија во последното коло во кое Африканците сепак влегле со осигурено прво место во групата и пласман понатаму.

Од групата Е понатаму поминале репрезентациите на Холандија и Мексико. Мексико во двата натпревари во кои одиграл нерешено, губеле со два гола негатива и се спасувале од пораз (особено важно било враќањето против ), но и тоа било доволно за да поминат понатаму. Белгија, исто така, била близу да се пласира во осминафиналето но прокоцканото водство од 2-0 против Мексико и 1-0 во последното коло против Јужна Кореја и ја чинело елиминација и освојување на третото место со 3 бода (сите нерешени резултати), додека Јужна Кореја завршила последна во групата со само еден освоен бод.

Во групата Ф, доминирале репрезентациите на Германија и СР Југославија и многу лесно минале понатаму. Тие ги совладале своите соперници и , а во нивниот меѓусебен двобој за првото место одиграле нерешено 2-2, иако СР Југославија водела со 2-0. Во натпреварот кој бил опишан како „мајка на сите натпревари“ и „најполитичкиот натпревар во историјата на Светското првенство“ Иран ги совладал САД со 2-1 и го освоил третото место во групата.