Реис-ул-улема или голем муфтија (, muftī ʿām или , kabīr al-muftīn) – врховен поглавар на исламската верска заедница во Македонија, највисок претставник на верското право во сунитските или ибадиските муслимански земји. Реис-ул-улема издава правни мислења и заповеди, т.н. фатви, на основа на толкувањата на исламските закони за приватни клиенти или за помош на судиите во решавање на случаи. Добиените мислења од реис-ул-улемата служат како драгоцен извор на информации за практичната примена на исламскиот закон како спротивност на апстрактните формулации. Фатвите на реис-ул-улемите не се задолжителни во областите на граѓанското право кои го регулираат склучувањето и разводот на брак, наследството, како ни во кривичното право.
Историја
Муфтиите се муслимански верски научници кои издаваат влијателни правни мислења (фатви) со толкување на шеријатот. Османлиското Царство ја започнало праксата за давање официјално признавање и статус на еден муфтија, кој е над сите други, како реис-ул-улема. Реис-ул-улемата на Цариград од крајот на 16 век добил статус на шеф на верските установи. Тој бил одговорен за религиско-правните стручњаци и давал правни поуки за битни работи од државната политика, како што е рушење на владетелот од престоло. Оваа пракса подоцна била преземена и приспособена во Египет во текот на 19 век. Оттогаш, овој концепт се проширил и на другите муслимански држави, така што денес има 16 земји со значително муслиманско население кои имаат реис-ул-улема. Односот меѓу реис-ул-улемата на која било држава и владетелот на истата може битно да се разликуваат, како од регионот, така и од историската ера.
Поврзано Муфтија
Наводи
Категорија:Ислам