Лаворово дрво (познато и како Портокалово дрво) – јувелирско велигденско јајце изработено од нефрит и емајл под надзор на рускиот јувелир Петар Карл Фаберже во 1911 година, за Николај II кој ѝ го поклонил јајцето на мајка си, царицата мајка Марија Фјодоровна за Велигден на 12 април 1911 година.Mieks Fabergé Eggs
Во 1911 година, царицата го добила на поклон, Петнаесетгодишен јубилеј.
Изненадување Изненадување е птичка пејачка, која излегува од дрвото мавта со крилата, ја врти главата, го отвора клунот и пее. Птичката се активира со мал лост скриен меѓу листовите во маскиран во овошје.
Историја Врз основа на француското механичко портокалово дрво, извесно време погрешно се водело како портокалово дрво, но било потврдено како лаворлаворово дрво по прегледот на оригиналната фактура. Фаберже наплатил 12.800 рубљи за јајцето.
Во 1917 година јајцето било конфискувано од Привремената руска влада и било преместено од дворецот Аничков во Кремљ. Околу 1927 година, му било продадено на Емануел Сноумен од јувелирниците Варцки.
Во 1934 Варци му го продале на Алан Гибсон Хјуз за 950 фунти, а повторно го откупиле во 1939 година, по неговата смрт. Јајцето има кутија на која се напишани иницијалите А. Г. Х. кои веројатно се од ова време.Fabergé Eggs: A Retrospective Encyclopedia
Во 1947 година Сотби го продал во Лондон за 1650 фунти и потоа јајцето променило повеќе сопственици, а краен било г-ѓа Милдред Каплан. Таа му го продала на Малколм Форбс во 1965 година за 35.000 долари, еквивалентни на 212.634 долари во 2004 година кога „Форбсовата збирка“ му била продадена на Виктор Векселберг. Векселберг купил девет царски јајца, како дел од збирка, за скоро 100 милиони долари Energy Tribune
Јајцето денес е дел од Збирката на Виктор Векселберг, во сопственост на фондацијата „Врска на времињата“ и е сместено во Музејот Фаберже во Санкт Петербург.
Поврзано Фабержеово јајце
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фабержеови јајца Категорија:Украсна уметност