Хуни бил последниот фараон од Третата египетска династија. Тој бил наследник на Каба, и можеби му бил син. Хуни владеел од 2637 година п.н.е., до неговата смрт.
Потекло на поимот Хуни значи „уништувач“. Манетон го нарекува Керфер(ис) и Ах, а името Хуни некаде се наоѓа скратено на Ху.http://www.phouka.com/pharaoh/pharaoh/dynasties/dyn03/05huni.html Хун
Животопис Хуни го наследил Каба, и најверојатно му бил син. Хуни бил последниот владетел на Третата династија, според Меченовата мастаба. Постои сомневање дека Хуни дошол на престолот многу стар. На списокот на службеници на фараонот Џосер се споменува еден Хуни. Ако е овој фараон, можно е дека тој бил во сродство со Џосер, а кога дошол на престолот, мора да бил многу стар, бидејќи Секемхет (веројатно негов дедо) и Каба владееле меѓу Џосер и Хуни. Главната сопруга на Хуни била Џефатнебти.http://en.wikiversity.org/wiki/Old_Kingdom_Monuments_Organized_by_Ruler Споменици на Старото Кралство организирани за владетелот Таа и Хуни имале ќерка, Хетеферес I. Хуни имал и друга жена, Мересанк Ihttp://euler.slu.edu/~bart/egyptianhtml/kings%20and%20Queens/Queens_of_Egypt.html Список на египетски кралици, со која тој е татко на Снофру, неговиот наследник. За време на неговото владеење Хуни изградил многу градби. По неговата смрт, тој бил погребан во гроб за чија локација се смета дека е пирамидата во Меидум, Сакара или мастаба 17 во Меидум.
Наводи
Категорија:Фараони од Третата египетска династија Категорија:Родени во непозната година