Алекс Беренгер (роден на 4 јули 1995) — шпански фудбалер, крило на Атлетик Билбао.
Клупска кариера Беренгер е роден во Памплона, Наваре. Својата кариера ја започнал во екипата на во која ги минал сите младински категории, и го направил своето сениорско деби играјќи за вториот тим во сезоната 2013-2014, во Терсера Дивисион. Тој одиграл една сезона за Осасуна Б и бил еден од најдобрите играчи на клубот во таа сезона забележувајќи 33 настапи и 9 голови.
На 10 септември 2014, Беренгер го направил своето деби за првиот тим на заменувајќи го Кенан Кодро во 81-тата минута во поразот со 0-2 од Депортиво Алавес, во Копа дел Реј. На 10 јануари следната година, тој го направил својот прв настап за Осасуна во лигата, повторно влегувајќи од клупата за резерви во ремито 1-1 против Рекреативо Уелва во Сегунда Дивисон. На 7 март 2015, го имал својот прв старт во почетните единаесет на Осасуна во поразот со 0-2 од Расинг Сантандер во лигата. Својата прва сезона во првиот тим ја завршил со 13 настапи во лигата и 1 во купот, без постигнат гол.
Својот прв гол за Осасуна, Беренгер го постигнал на 30 август 2015 година, единствениот во натпреварот со кој неговиот тим го победил Мирандес. На 29 јануари 2016 тој го продолжил договорот со клубот до 2020 година. На 27 февруари 2016, Бернегер постигнал уште еден победнички гол за својот клуб, во успехот со 1-0 против Кордоба во гости. Сезоната ја завршил со 39 настапи и 3 гола, помагајќи и на Осаусуна да обезбеди промоција во Примера Дивисион.
Следната сезона, Беренгер го направил своето деби во највисокото ниво на шпанскиот фудбал на 22 септември 2016, започнувајќи во поразот на домашен терен од со 1-2. Својот прв гол во Примера го постигнал на 5 април 2017, постигнувајќи го единствениот гол во натпреварот во победата на гостувањето кај Депортиво Алавес. Сезоната ја завршил со 29 настапи и еден гол, а Осасуна испаднала во Сегунда Дивисион по само една сезона во највисоката шпанска фудбалска лига.
На 17 јуни 2017, потпишал за италијанскиот клуб во трансфер вреден 5.5 милиони евра (плус 1 милион во бонуси);UFFICIALE! Il Torino acquista Berenguer dall’Osasuna toronews.net 17.06.2017 исто така, била вметната клаузула од дополнителни 1.5 милиони евра кој Торино ќе треба да ги плати ако играчот биде продаден на . Дебитирал за новиот клуб на 11 август 2017, во победата со 7-1 над во Купот на Италија, а притоа го постигнал и својот прв гол во 35-тата минута (третиот за Торо во натпреварот).
Своето деби во Серија А го направил на 20 август во натпреварот -Торино (1-1), а својот прв гол во Серија А го постигнал на 11 декември во натпреварот -Торино (1-3).
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 28 април 2019. СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2014-2015 ТД 33 9 - - - - - - - - - 33 9 2014-2015 СД 13 0 КШ 1 0 - - - - - - 14 0 2015-2016 СД 38+1 3+0 КШ 0 0 - - - - - - 39 3 2016-2017 ПД 29 1 КШ 2 1 - - - - - - 31 2Вкупно Осасуна 80+1 4 3 1 - - - - 84 5 2017-2018 А 22 1 КИ 3 1 - - - - - - 25 2 2018-2019 А 28 2 КИ 3 0 - - - - - - 31 2Вкупно Торино 50 3 6 1 - - - - 56 4Вкупно во кариерата 164 16 9 2 173 18
Наводи
Надворешни врски
Алекс Беренгер на soccerway Алекс Беренгер на transfermarkt Алекс Беренгер на espn Алекс Беренгер на whoscored
Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Наварски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Осасуна Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Атлетик Билбао Категорија:Родени во 1995 година