300px|мини| Пример за размена на SIP пораки меѓу двајца корисници, Алис и Боб, за воспоставување и завршување на директна медиумска сесија. Session Initiation Protocol (SIP) е протокол на апликациско ниво за создавање, модифицирање и терминирање на сесии со еден или повеќе учесници. Овие сесии вклучуваат Интернет телефонски повици, мултимедијална дистрибуција и мултимедијална конференција. (cit. RFC 3261).
Овој протокол бил дизајниран од страна на Henning Schulzrinne (Универзитет Колумбија) и Mark Handley (UCL) некаде на почетокот од 1996 година. Последната верзија на спецификацијата на овој протокол е публикувана во RFC 3261 од страна на IETF SIP Working Group. Во ноември 2000, SIP протоколот беше прифатен како 3GPP сигнален протокол и главен елемент на IMS архитектурата. SIP протоколот често се кореисти како сигнален протокол за Voice over IP, заедно со H.323 протоколот и слични на него.
SIP ги има следниве својства: Едноставен, има само шест методи. Транспортно независен, може да се користи со UDP, TCP, ATM и сл. едноставни текстуални пораки, кои може лесно да се прочитаат.
Наводи http://www.en.voipforo.com/SIP/SIP_architecture.php
Категорија:VoIP протоколи Категорија:Протоколи на применето ниво Категорија:Протоколи на ниво на сесија Категорија:Мрежни протоколи Категорија:Семрежни протоколи Категорија:Сметачки мрежи