Поморие () — град во југоисточниот дел на Бугарија. Се наоѓа во Бургаска област и е административен центар на општина Поморие.
Историја left|thumb|200px|Антички монети на Поморие Градот изникнува како древен грчки полис, наречен со името Анхиало во VIII век пр.н.е. Многу од жителите му биле Траки. Од древноста до денес е меѓу наjважните црноморски градови.
Особено голем расцвет достигнува во времето на Римското Царство. Градот станува епископски центар и има свои монети. Од III-IV в. е и Тракиската куполна гробница - хероон покраj денешно Поморие.
Во IX в. Анхиало е дел од териториите на бугарската држава. Цар Симеон Велики се бори против византискиот напад на овие делови на Балканот. Симеон Велики и нанел историски пораз на Византија на реката Ахелоj. Поразот на Византијците во Битката кај Анхиало го означил почетокот на бугарската моќ во Европа.
Малку познато е прабугарското име на Поморие - Тутхон. Од 1934 г. древното име Анхиало е заменето со Поморие.
Надворешни врски Anhialo.info - туристички портал на Поморие Info портал на Поморие Мрежно место на манастирот „Св. Георги“ во Поморие
Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Бургас