Ока () – стара мерка за тежина – 1282 грама. Оката била единица за маса во Османлиското Царство, која одговарала на 400 дирхеми (османлиски драм). Нејзината вредност не била постојана, но во подоцниот период на царството била стандардизирана на 1,282945 килограми.Brittanica, 1911Halil Inalcik: An Economic and Social History of the Ottoman Empire, Volume 1, Cambridge University Press, 1997. ISBN 9780521574563

Османлиското Царство било една од 17 држави потписници на Метарската конвенција одржана на 20 мај 1875 година, со која се усвоил метарскиот систем. Со тоа и во областите на Балканот под османлиска власт, вклучувајќи ја и Македонија, бил воведен метарскиот систем. Заради конфузијата што настанала, Османлиското Царство истапило од конвенцијата во 1894 година, а Турција ѝ пристапила во 1933 година.Istorijat mjeriteljstva u BIH

Во Турција, традиционалната единица се нарекува ески ока (стара ока) или кара ока, односно црна ока, додека јени ока (нова ока) всушност е килограм.Diran Kélékian, Dictionnaire Turc-Français, Constantinople: Imprimerie Mihran, 1911.

Во Кралството Југославија во делот кој пред Првата светска војна бил под османлиска власт се користела оката како мера. На 25 декември 1929 година, Југославија ѝ пристапила на Метарската конвенција, но оката и понатаму неофицијално се користела.

Во Грција, зборот ока (οκά, множ. οκάδες) била стандардизирана единица за маса од 1,282 кг и се одржала во употреба сѐ до 31 март 1953 година кога биле укинати сите традиционални единици.Γ. Μπαμπινιώτης (Babiniotis), Λεξικό της Νέας Ελληνικής Γλώσσας, Atina, 1998. ISBN 9789608975156 Во Грција метричкиот систем бил усвоен во 1876 година, но сè до 1953 година старите единици останале во употреба.Enciklopedija Britannica, 11. izd. 1911 На Кипар, оката останала во употреба сѐ до 1980-тите години.

Во Египет, монетарната ока тежеле 1,23536 кг, додека во Триполитанија (денес Либија) изнесувала 1,2208 кг, односно 2,5 артали.

Оката исто така била и единица за зафатнина. Во Влашка, таа изнесувала 1,283 литри односно 1,537 л жито (сува материја). Во Грција, ока маслиново масло изнесувала 1,280 кг.

Наводи

Литература A.D. Alderson, Fahir İz, The Concise Oxford Turkish Dictionary, 1959.

Категорија:Единици за маса Категорија:Архаизми Категорија:Турцизми Категорија:Застарени мерни единици