Марија Симон (родена 1976) — германска глумица.
Семејство и биографски податоци Симон е најмладата сестра на глумицата Сузана Симон. Таа е родена и израсната во поранешна Источна Германија, но се преселила во Њујорк во 1990 година за да живее со нејзиниот татко, компјутерски експерт во ООН, и сестра ѝ Далена Симон. Таа, исто така, има сестра по име Алиса.
Симон има четири деца. Првото од поранешната врска со глумецот Девид Штрајсоу и три со нејзиниот сопруг, глумецот Бернд Микаел Ладе.
Образование По завршувањето на училиштето, таа се вратила во ново-обединетата Германија за да студира глума на Академијата за сценски уметности Ернст Буш во Берлин, од која ја добила нејзината диплома во 1999 година.
Улоги и награди Таа ја добила наградата за Најдобра глумица за нејзината улога во филмот Лути Бакнжи на 22-иот Меѓународен Московски филмски фестивал во 2000 година. Симон била номинирана за Најдобра глумица во споредна улога на Германските филмски награди во 2003 година, и била прогласена за Европска ѕвезда во подем (т.е. најдобра нова глумица) на Берлиналето во 2004 година. Истата година, таа ја играла Поли во Опера од три пени на Бертолт Брехт во театарот Максим Горки во Берлин. Нејзиниот ТВ-филм Мала Сестра бил номиниран за Наградите Адолф Грим во 2005 година.presseportal.de
Филмографија
Лутер (2003) како Хана Далечни светла (2003) како Соња Режија: Ханс-Кристијан Шмид Збогум, Ленин! (2003) како Ариана Кернер Солзите на мојата ќерка (2002) како Стефани Портрет на брачна двојка (2002) како Дорит Летото кое одминува (2001) како Јохана Лути бакнежи (1999) како Леа
Наводи
Надворешни врски
german-films.de: »Портрет на Марија Симон - Ѕвезда во подем«
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1976 година Категорија:Луѓе од Лајпциг Категорија:Глумици од Германија од 21-от век Категорија:Алумни на Академијата за драмски уметности Ернст Буш Категорија:Германски филмски глумици Категорија:Германски театарски глумици Категорија:Германски телевизиски глумици Категорија:Германски глумици