десно|мини|250x250пкс| Почетокот на кралскиот список го покажува Сети и неговиот син - Рамзес II - се подготвуваат да дадат понуда на боговите Птах - Секер - Озирис, во име на нивните 72 предци, кои се набројани во кралскиот список. Рамзес е прикажан како држи кадилници. Кралскиот список од Абидос, исто така познат и како Табла од Абидос, — список на имиња на седумдесет и шест кралеви на Древниот Египет, пронајдени на ѕидот од храмот на Сети I во Абидос, Египет. Се состои од три редови од триесет и осум картуши (граници со името на кралот) во секој ред. Горните два реда содржат имиња на кралевите, додека третиот ред само го повторува престолското и картуш името на Сети I.
Покрај тоа што го дава редоследот на кралевите од Старото Кралство, тоа е единствениот извор за редоследот на имињата на многумина од кралевите на седмата и осмата династија, па списокот се цени многу поради таа причина.
Овој список ги изоставува имињата на многумина претходни фараони кои очигледно се сметале за нелегитимни: како што се Хиксос, Хатшепсут, Ахенатен, Сменахкаре, Тутанкамон и Ај.
Содржина на кралскиот список центар|мини|700x700пкс| Цртеж на картуши во кралскиот список од Абидос
Поврзано
Кралски список од Карнак Каменот од Палермо Табла од Сакара Кралски список од Торино Кралски список од Мединет Хабу
Надворешни врски
Абидос Табела Кралскиот список од Абидос
Категорија:Староегипетска книжевност Категорија:Стар Египет