Оксиморон (буквално значење - остроумна глупост) — стилска фигура којашто се создава со спојување на два противречни поими. Тоа е облик на едночлена антитеза внатре во реченицата. Пример: светол мрак, врело студенило, скромен раскош, мудра будала и слично. Оксиморон, кој на прв поглед делува глупаво и лудо - предизвикува внимание кај читателите и овозможува да се изразат специфични вредности. Изразува подлабоки согледувања на поимите од спротивставени агли. На тој начин се постигнува баланс на противречностите, со нивно спојување, а со тој контраст се добива колоритност на мислата.

Примери Зимски летување Минлива вечност Жив мртовец Мудра будала Скромен луксуз Сиромашен богаташ

Оксиморонот се користи секојдневно без воопшто да сме свесни за тоа, на пример:

Лажна веста Речиси совршенство Идеално лошо Нов фосил Вистинска бајка Јавна тајна Далечна иднина

Наводи

Надворешни врски Оксиморон

Категорија:Лингвистика Категорија:Стилски фигури Категорија:Изрази Категорија:Реторички техники