Клисура (), кланец или дервен – тесна и длабока речна долина со високи и стрмни страни.

Клисури настануваат под дејство на флувијалната или речна ерозија. Клисурите се долини во речните текови кои настануваат со селективна ерозија на карпите, така што просторите со потврди карпи се стрмни и тесни. Кај нас постојат бројни клисури — Дреновска, Демиркаписка, Бродска, Скочивирска и др.

Доколку клисурите се протегаат во помала должина тогаш се именуваат како сатески, се јавуваат во композитни долини на големи реки.

Галерија

Поврзано Котлина Кањон

Наводи

Категорија:Земјишни облици Категорија:Флувијален процес