Јавната установа Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје е создадена во средината на 50-те години на XX век.

Домот има повеќе свои подружници во Ѓорче Петров, Колонија-Идризово и др.

Домот организира културни манифестации од различен вид: промоции на книги, трибини, поседува изложбени простори, проектира филмови, организира поетско-книжевни работилници итн. Исто така, секој декември оваа установа ја организира традиционално манифестацијата „Денови“, во чест на раѓањето на македонскиот поет и културно-општествен деец Кочо Рацин.

Секоја година Домот ја доделува наградата „Бели мугри“ за најдобар поетски ракопис за автор до 35-годишна возраст.

Наводи

Категорија:Културни организации во Македонија Кочо Рацин