мини|десно|Милтон Манаки на пајтон меѓу Гребен и Суровичево десно|right|200px|Стилски дизајн на пајтон – кралски мајстор за коли Хупер Пајтон — раскошна отворена, со настрешница, коњска кола за превоз на патници. Пајтоните се појавиле на почетокот на XIX век и биле влечени од еден или два коња. Типично за пајтоните се 4 големи тркала и сразмерно мало тело што го прави брз, но нестабилен и опасен. Пајтоните служеле за превоз на патници и багаж, но некои од нив биле специјализирани за превоз на пошта.

Денес пајтоните се користат како туристичка атракција и за забава. Во знак на екстравагантност понекогаш матурантите ги користат за да стигнат на матурската вечер или младоженците за на свадба.

Потекло на поимот Зборот пајтон најверојатно произлегува од името на синот на богот на Сонцето Хелиј од старогрчката митологија — Фаетон и неговото трагично возење со татковата кочија. Ја забрзал колата, но се уплашил од брзината, загубил контрола над белите коњи што биле впрегнати во неа и колата се изгубила во пламењата.

Пајтонот во македонската народна музика Чифте, чифте пајтонлари — популарна песна од турско потекло. Ако одам во Битола — (.../Ако одам во Битола/ќе нарачам до три пајтона./...), традиционална староградска песна од Петар Георгиев-Калица.

Галерија

Поврзано Кочија Рикша Карета Двоколка

Наводи

Надворешни врски

MNC - Spider Phaeton. Museu Nacional dos Coches (National Coach Museum), Lisbon, Portugal 73-годишен реставриран старински пајтон

Категорија:Превозни средства