Јавно претпријатие за државни патишта (ЈПДП) е одговорно за планирање, изградба, реконструкција, одржување и заштита на државните јавни патишта, како и наплата на патарина.
Државен пат е јавен пат категоризиран како: автопат, експресен пат, магистрален пат и регионален пат од прва и втора категорија.
Надлежности ЈПДП ги врши следниве работи: Управување со државните патишта, предлагање на петгодишната програма за развој и одржување на државните патишта; постојано следење и контролирање на состојбите на државните патишта; преземање мерки за рационално користење на средствата наменети за државните патишта; вршење инвеститорски работи од областа на државните патишта; наплата на надоместоците за користење на јавните патишта задолжувања кај домашни и странски финансиски институции; организирање на изработка на студии и проекти за изградба, реконструкција, рехабилитацијата, одржување, заштита и наплата на патарина со право истите да ги отстапува на физички и правни лица во согласност со закон; давање на вршење на работите за изградба, реконструкција, рехабилитацијата и одржување на државните патишта на правни лица во согласност со закон; предлагање одлука за започнување на постапка за давање на концесија и/или други видови на јавно – приватно партнерство; издавање одобренија, одобрувања и мислења во согласност со Законот за јавните патишта организирање на активности поврзани со вршење на броење на сообраќај, заштита на државните патишта, катастар на државните патишта и формирање на неопходни бази на податоци; применување и користење на систем за управување со одржувањето на коловозите (PMS) и систем на управување со одржувањето на мостовите (BMS); поддршка за изградба, реконструкција и рехабилитација на патишта кои не се државни патишта, врз основа на обврски произлезени од закон.
Наводи
Надворешни врски www.roads.org.mk
Категорија:Градежни претпријатија од Македонија Категорија:Државни претпријатија на Македонија