Десеттата династија на древниот Египет (династија X) често се комбинира со династиите: 7, 8, 9 и почетокот на 11-та династија под заедничко име Прв преоден период.
Владетели Деветтата династија била основана во Хераклеопол, и 10-та династија продолжила таму. Во тоа време Египет не бил унифициран, и постои преклопување помеѓу овие и други локални династии. Торинскиот Канон ги набројува 18-те кралеви од оваа кралска линија, но нивните имиња се оштетени, неидентификувани или изгубени.Sir Alan Gardiner, Egypt of the Pharaohs, Oxford University Press, 1961, pp. 112-13.
Следниот е можен список на владетели на Десеттата династија врз основа на Торинскиот канон, бидејќи египтолозите имаат различни мислења за редоследот на наследување во двете династии. Меѓу нив со археолошките наоди несомнено се потврдуваат само Вахкаре Кети и Мерикаре:
+Десетта династија (според Вилијам Хејс) (околу 2130 - 2040 п.н.е.)William C. Hayes, in The Cambridge Ancient History, vol 1, part 2, 1971 (2008), Cambridge University Press, , p. 996. Име Забелешка Мерихатор(?) Не е потврдено неговото постоење, познат е само по оштетениот запис во Хатнуб Неферкаре VIII Може да е исто лице со Канефере кој е споменат во гробот на номархот Анктифи Вахкаре Кети III Можеби е авторот на Учењето на кралот Мерикаре Мерикаре Главен противник на тебанскиот фараон Ментухотеп II [Изгубено име] Краткотраен наследник на Мерикаре
Наводи
10