Трка околу Фландрија 2019 — 103. издание на велосипедската еднодневна трка Трка околу Фландрија, која се одржала на 7 април како четиринаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена од италијанскиот велосипедист Алберто Бетиол ().

Трката започнала во Антверпен и завршила во Ауденарде, поминувајќи 267 километри. Вклучувала 17 категоризирани искачувања и пет рамни сектори со калдрма.

Холандскиот возач Ники Терпстра го освоил изданието во 2018 година. За жал, Терпстра паднал во 2019 година на почетокот на трката. Бил во несвест повеќе од една минута, поради што морал да биде пренесен во болница и да ја напушти трката.

Екипи

Бидејќи Трката околу Фландрија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.

Поредок Завршен пласман

Список на учесници

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Трка околу Фландрија Категорија:Светска турнеја на UCI 2019 Категорија:Белгија во 2019 година