Пингвински Остров () — ненаселен остров во Индискиот Океан, дел од групата на Крозеови Острови. Административно, островот е дел од Француските Јужни и Антарктички Земји. Островот има вкупна површина од 3 км2 и е еден од најмалите острови во архипелагот. Овој остров е значаен за размножување на птиците.
Географија Островот се наоѓа во западниот дел на архипелагот, каде е најјужен. Островот се наоѓа на 30 километри југоисточно од Кошон и 95 километри југозападно од Посесион. Островот е мал и доста еродиран од морската вода. Бреговите се стрмни. Пингвинскиот Остров е долг околу 48 км и широк 1 км.
Сртовите на островот се високи од 50 до 300 метри. Поради ова, скоро и да не е возможно да се пристапи на островот од морето. Островот ретко е посетен.BirdLife International. (2012). Important Bird Areas factsheet: Île des Pingouins. Downloaded from http://www.birdlife.org on 2012-01-11.
Галерија
Поврзано Крозеови Острови
Наводи
Категорија:Острови во Индискиот Океан Категорија:Ненаселени острови Категорија:Крозе