T Лебед — двоен систем во северното соѕвездие Лебед. Станува збор за слабосјаен систем но е видлив за човековото око со заедничка светлосна величина од 4,93. Со паралаксна промена од , се наоѓа на растојание од 387 светлосни години. Се придвижува поблиску до Земјата со околусончева радијална брзина од −24 км/с.
Примарната составница A, е променлива ѕвезда, најверојатно од типот спора променлива, со сјајност што се движи од 4,91 до 4,96. Станува збор за џиновска ѕвезда со ѕвездена класификација K3 III, што е показател дека го истрошила водородот во јадрото како гориво и се развива надвор од главната низа. Измерениот аголен пречник на оваа ѕвезда, по исправките предизвикани од граничното затемнување, е . На проценетото растојание на оваа ѕвезда, се добива физичка величина на полупречникот која е 27 пати поголема од Сончевиот полупречник. Зрачи со јачина 333 пати поголема од онаа на Сонцето од својата зголемена фотосфера при делотворна температура од 4,190 K.
Секундарната составница B, е со светлосна величина 10,03 и е на аголно растојание од долж положбен агол од 120°, од 2012 година. Во 1877 имала раздвоеност од долж скоро истиот положбен агол (121°).
Наводи
Категорија:Портокалови џинови Категорија:Бавни неправилни променливи ѕвезди Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Тела од Бонскиот преглед 198134 102571 7956 Лебед, T