KY Лебед — црвен суперџин од спектрална класа M3,5Ia сместена во соѕвездието Лебед. Станува збор за една од најголемите и најсјајни ѕвезди, со сјајност од околу 300.000 или повеќепати од онаа на Сонцето и полупречник поголем за 1.000 пати од оној на Сонцето. Доколку е сместена во центарот на Сончевиот Систем, ќе се протега зад орбитата на Јупитер (или Сатурн). Се наоѓа на растојание од околу 5.000 светлосни години.

Набљудувања KY Лебед се наоѓа во близина на расеаното јато NGC 6913, но не е негов член. Местоположбата е во близина на светлата ѕвезда γ Лебед. Препознаена е како променлива ѕвезда во 1930 година, и подоцна е именувана како KY Лебед. Спектралната калсификација ја сместува воо класата M3 Ia, и оттогаш се направени мали исправки.

KY Лебед е крајно темноцрвено обоен поради згаснувањето, губејќи вообичаено 7,75 светлосни величини во видливото подрачје. Ѕвездата ќе може да се набљудува со човеково око доколку немаше светлосна загуба.

Својства

KY Лебед е голем сјаен ладен суперџин со силен ѕвезден ветер. Губи маса со еден од најголемите познати чекори за црвен суперџин и се опишува како ладен хиперџин.

Неговите својства се непознати, но температурата е околу 3.500 K и сјајноста преку . Модел според инфрацрвениот сјај на K-зоната дава сјајност од околу , што соодвествува на полупречник од . Друг модел заснована на видливата сјајност дава неочекувана голема сјајност од , каде разликата претежно се должи на претпоставките за нивото на згаснувањето. Полупречникот според оваа повисока сјајност ќе изнесува . Овие параметри се поголеми и посјајни од очекуваните за кој и да е црвен суперџин, што наведува дека истите се сомнителни. Неодамна, вкрстувањето на спектралните енергетски распределби низ цел распон на бранови должини во U-зоната до 60 микронскиот микробранов флукс обезбедува пониска сјајност од .

KY Лебед е променлива ѕвезда со голема амплитуда, но без јасна периодичност. Во одреден период брзо се менува сјајот, а во други е стабилна на подолги периоди. Фотографската величина се менува меѓу 13,5 - 15,5, додека видливата меѓу 10,60 - 11,74.

Наводи

Надворешни врски http://jumk.de/astronomie/big-stars/ky-cygni.shtml http://www.astronomy.com/asy/default.aspx?c=a&id=2772

Категорија:Суперџинови од типот M Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Бавни неправилни променливи ѕвезди Лебед, KY Категорија:2MASS-објекти Категорија:IRAS-објекти Категорија:Хиперџинови од типот M