SS Лебед е променлива ѕвезда во северното соѕвездие Лебед. Станува збор за прототип на подкласа на џуџести нови кои имаат само нормални избувнувања. Вообичаено се менува од 12 величина до 8 величина во текот на 1–2 дена секои 7 до 8 недели. Северната деклинација на SS Лебед (околу 44° N) ја прави ѕвездата скоро околуполарна од европските и американските повратници, што овозможува голем број ос светските аматерски астрономи да го следат нејзиното однесување. Дополнително, бидејќи ѕвездата е спроти богатата позадина на Млечниот Пат, телескопското набљудувае на околината на SS Лебед содржи бројни ѕвезди за светлосна споредба.
SS Лебед, како и сите останати катаклизмични нови, се состои од близок двоен систем. Една од составниците е ѕвезда црвено џуџе, поладна ѕвезда од Сонцето, додека пак другата е бело џуџе. Изучувањата покажуваат дека ѕвездите во ситемот SS Лебед се на растојание од (од површина до површина) „само# 160.000 km или помалку. Двете ѕвезди се толку блиску што тие ги завршуваат своите орбитални периоди за нешто над 6,5 часа. Наксоеноста на системот е пресметана дека изнесува 50 степени, што пак ја определува масата од 0,6 сончеви маси () за белото џуџе и 0,4 црвеното џуџе.
Астрономски гледано, SS Лебед е исто така доста близу. Првично се мислело дека е на растојание од 90 до 100 светлосни години, нејзиното растојание е препресметано во 1952 година и изнесувало 400 светлосни години. Во 2007 година податоците добиени од вселенскиот телескоп Хабл определија растојание од 540 светлосни години, и оваа вредност предизвика проблем со теоријата за џуџести нови, ова повторно беше проверено во 2010–2012 година користејќи радиоастрометрија со VLBI, што дало помало растојание од . Оваа вредност е во согласност со претходно добиените вредности од (≈400 светлсони години), и во целост ги остранува потешкотиите со големото растојание кај џуџестите нови.
Наводи
Надворешни врски AAVSO Variable Star of the Month. SS Cygni: June 2000
Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Џуџести нови 206697 Лебед, SS Категорија:Портокалови џуџиња Категорија:Тела од Бонскиот преглед