Програма (англиски: The Program) - британско-француски филм од 2015 година, во режија на Стивен Фрирс. Главните улоги ги играат: Ли Пејс, Џеси Племонс, Бен Фостер, Дастин Хофман, Брајан Гринберг, Гијом Кане, Лора Донели итн. Филмот е снимен според романот „Седумте смртни грева“ на Дејвид Волш.„Програма“, Hotel Cinedays. Скопје: Младински културен центар, 2015, стр. 48.
Синопсис Филмот е документарна драма за допингот на велосипедистот Ленс Армстронг. Еден ирски спортски новинар е убеден дека Армстронг користи допинг и така победува на „Тур де Франс“. Тој тргнува во потрага по докази за допингот, иако се соочува со судски процес во кој неговиот весник треба да плати отштета. Цело време, Армстронг ги негира обвинувањата, но еден негов колега, кој паѓа на тестот за допинг, конечно ја открива вистината.„Програма“, Hotel Cinedays. Скопје: Младински културен центар, 2015, стр. 48.
Наводи
Категорија:Британски филмови Категорија:Француски филмови Категорија:Спортски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2015 година Категорија:Филмови на Стивен Фрирс Категорија:Филмови со Дастин Хофман Категорија:Филмови со Ли Пејс Категорија:Филмови со Бен Фостер Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови за спортисти Категорија:Биографски филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во САД