Кеплер-34 — затемнувачки двоен ѕвезеден систем во соѕвездието Лебед. Двете ѕвезди имаат скоро еднаква маса како и Сонцето, што значи дека се од спектрален тип G. Тие се на меѓусебно растојание од 0,22 ае, и прават едно завртување околу тежиштето на секои 27 дена.

Планетарен систем Кеплер-34b е гасовит џин која е во орбита околу ѕвездите во ситемот Кеплер-34. Планетата има само 1/5 од масата на Јупитер и полупречник од 0,764 Јупитерови полупречници. Планетата прави налик екцентрична орбита на секои 288,822 денови од голема полуоска на растојание само малку поголемо од 1 ае, најголемо растојание за која и да е планета при премин во тој период на откривањето. Ова откритие било можне лесно бидејќи планетата минува пред двете ѕвезди, со што биле потребни помалку орбити за да се потврди планетата.

Поголемиот дел од кружнодвојните планети се создадени далеку од двојните ѕвезди. Тие мигрирале до нивните моментални орбити. Од физичката стапка на раст на планетите и доколку се земат во предвит податоците од судирите, определено е дека Кеплер-34b ќе настанела точно во местото каде што е сега.

Наводи

Категорија:Затемнувачки двојни ѕвезди Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Променливи ѕвезди поради планетарни премини Категорија:Занимливи Кеплерови тела Категорија:Жолти џуџиња Категорија:Планетарни системи со една потврдена планета